ТЕСТ НА НЕРВИ

Day 1,167, 05:51 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Гледам дека излегуваат многу статии со различни наслови. Сите имаа дивергентни ставоти и мислења, сите имаат свои гледишта и сите го губат фокусот...

Во моментов не е приоритет тоа што инсинктот ви вели, него тоа што разумот ви вели. Во моментов и двете страни (Македонија и Бугарија) се пред својот најголем тест:

ДАЛИ ЌЕ ПОЧНАТ ДА СИ ВЕРУВААТ ЕДНИ НА ДРУГИ?

Ова е голем тест не само за еМакедонија, него и за РЛ од проста причина што сите не сме правени во еден калап.

Значи едноставно кажано:
Денешната мисија значи дека треба да си го одржиме зборот на нашите Државници и да покажеме едниснтво.

Востанието кренато во една Бугарска покраина од наш сограѓанин, како и нашата делумна окупација ги разгоруваат страстите на двете страни и ја поткопуваат оваа иницијатива.

Бидете објективни пред себе си и дајте и’ шанса на еМакедонија да биде достоен фактор во регионот.


Големо благодарам до оние кои ме поддржуваат.
Со почит,
SaveAss

(гласајте за први 5 и subscribe доколку немате)