Бугарија се спрема за војна

Day 1,165, 08:10 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Со оглед на новите 3 закони кои се гласаат во Бугарија ( http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/country-administration/1 ) за промена на таксата за увоз на пченица, храна и прогласување на Македонија за непријател се донесува заклучок дека за 24часа треба да очекуваме да почне војна.

Сега е време кога на раат ќе можеме да ја планираме нашата воена стратегија и воедно да ви кажам дека со последните мерки Бугарија не покажува тенденција да ја заздрави својата економија него да ја дотепа.

Сепак не треба да гледаме само како најмногу ќе му наштетиме на нашиот непријател, него како со тоа и себе си да не си направиме поголема штета.

Нормално да немавме востание идеален период за неговото отпочнување ќе беше денес. Ама и тоа сега е доцна да се смени.

Моето гласно размислување е:

Ако немаме помош од СИТЕ сојузници да не пробуваме воопшто да се браниме, зашто така само подлабоко ќе се заглавуваме во кал.

Доколку имаме помош од СИТЕ сојузници стратешки да напаѓаме и да направиме Бугарија да ги исцеди сите свои ресурси, а воедно да почне да увезува. Да нивните воени ресурси се готови, истрошени инаку не би ги чепкале законите за увоз.

Мислете трипати, сечете еднаш. Овој пат времето е на наша страна, но не го потценувајте непријателот зашто геополитички се сеуште во по поволна состојба.

со почит,
SaveAss