Економија и Државно уредување

Day 1,164, 15:42 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Иако не сум многу по критикувањето и сакам да бидам позитивен морам сепак да ја објаснам мојата постапка околу противењето на востанието.
Значи во војната за одбрана на еМакедонија во последниот налет на Бугарија според статистиките изгубивме над 20.000 златни парички (согласно еРепублика статистиката како увоз). Тоа не е многу но секако дека не е малку, повеќето од овие средства беа потрошени во очај да се стори нешто иако (повторно ќе повторам) заради геополитичката состојба во регионот беше неизбежно.

Ако пресметаме дека тоа се всушност околу 1.300.000 денари во рок од 3 дена. За да ви посочам колку навистина се тоа пари ќе ви кажам дека со сегашните даночни стапки кои ги имаме и БДП од околу 5.500 парички, ќе ни требаат околу 25 дена да ги покриеме државните загуби. За истите да ги повратиме преку извоз, ќе ни бидат потребни околу 30-40 дена.
Заради овие бројки јас како граѓанин на еМакедонија барам отчет за тоа кој ги одобрил овие средства за увоз на оружје и храна (пред се’ оружје) кога очигледни беа последиците заради глобалната состојба.

Од друга страна додека бевме под окупација успеавме на еБугарија толку да и’ го разнишаме пазарот и макроекономската состојба што буквално крахираа економски.
Поентата е додека бевме држава можеа да ни возвратат некако, кога бевме под окупација немаа начин како да се ослободат од нас. Значи реално немавме трошоци, а нашиот непријател трпеше загуби.
Сето горенаведено е солидно документирано во ова издание на весникот http://www.erepublik.com/en/article/-1-1650477/1/20

Нормално сега веќе е јасно зашто бев против ненавремено востание кое инаку ги чинеше нашите сојузници 25 + 3000 * 0,1 = 325 златни парички (+-10😵. Тоа претставува 60-ти дел од сумата која ја плативме за војувањата. Останатите трошоци би рекол дека се 50-50 во однос на востанието. Нормално бенефитот на истите од ослободувањето на овој регион е далеку поголемо од потрошените пари или околу 5.000 злато дневно во наредните 5-7 дена за кое време реално беше да се планира востание или околу 25-35.000 златни парички. (Бугарите откако ќе не’ окупираа нас сигурно немаа да седат мирни и одма ќе нападнеа заедно со Хрватите) ДА затоа поитаа да не’ ослободат, за да ги поделиме трошоците. Нормално тука не се вброени трошоците од евентуално изгубубање на некој регион и негово повторно завземање.

Сега да ви објаснам колку ја чиневме еБугарија во претходните неколку дена (заокружени бројки) :
- Камикази 17.000 удари за 3 дена * просек од 7 лева = 119.000 лева или 1.586 златни парички чиста загуба.
- Економски пад на стандардот просек од 150% (според горните податоци)
- Влијание на пазарот околу 20-30% - сега лепчето е 0,97 лева и паѓа, а беше 1.23
- Банкрот на фирми и слични податоци не можат да се извлечат ама сигурно има и тука некоја симболична загуба од 1.000 злато или банкротирани околу 25 фирми.
Колку не’ чинеа економски нас последните неколку дена? Буквално ништо, бевме многу добри паразити кои цицавме се’ што ќе стигнеме.

Во моментот на пишување на статијава, може да се заклучи дека утре ќе биде идеален ден за објавување на војна на нашиот сосед за нанесување најголема економска штета. Значи платите им се паднати, ресурсите им поефтинуваат, па евентуална војна во текот на утрешниот ден (Сабота по наше) би имала интересно влијание на економијата. Нормално резултатите од нивната економска состојба кои ќе бидат претставени утре во статистиките дополнително ќе покажат дали сум во право или не. Најинтересното е што пазарот не е под директно влијание од владата па нејзината реакција нема да допринесе да се намали ударот, затоа и јавно го објавувам овој податок.

Ок гледам дека во меѓувреме владата веќе се регрупира и се соединува, сепак мислам дека имаат делови од програмата каде морам да посочам дека треба да се потрудат.

Веќе споменав ПОПИС, тоа е статистичка процедура каде се евидентираат некои параметри за играчите, од натписот на Струмјанин http://www.erepublik.com/en/article/-s-t-r-1-1656631/1/20 веројано може и самиот да се увери во полезноста на сумираните податоци (во овој случај попис на АРМ) Многу ни е потребен ваков попис на месечна база (најмногу 2) за да ги увидиме напредувањата, стагнациите, развитокои и сл. Согласно поставеноста на играта 1 месец е еднаков на околу 3,5 години реален живот. (Дневна/Месечна плата 30 плати, избор на месец/48 месеци и сл.) Подоцна можна е и организација и сето останато што следува во играта, могу лесно и практично.

Податоците околу организацијата на АРМ, нема да ги дискутирам. Она што ќе го посочам е дека треба да се инвестира во АРМ, но во таа инвестиција да се вклучат исклучиво Македонски производи. Добро би било да постои и тендер за набавка на опрема за АРМ за да државата добие добри цени на производите, нормално произведувачот добива сигурен пласман. Целиот процес ќе биде транспарентен (на ИРЦ канал) и нормално нема љутиш после. Секако дека за ова треба да знаете колку „играчки“ од одреден тип ви се потребни 🙂 Нешто слично на тоа во реалниот живот се вика електронска аукција и негативно наддавање.
Макроекономијата можеме да ја работиме како што треба овој пат. Важно е да се сфатат сериозно даноците и сите останати фактори. Иако моментално нема да можеме да ги изгласаме промените, добро ќе биде да се информитаат и работниците и работодавците за предлог измените и реакциите кои се очекуваат од тие измени. Финансискиот дел исто така ќе можеме добро да го сработиме и така да биде се како што треба.

Бебињата се нашата иднина. Моментално државата не презема некои посебни организациони мерки за да ја подобри комуникацијата со нив. Неколку ентузијасти имаат покренато иницијатива па постојат црвен крст, постои ИРЦ канал http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23NoviIgraci&server=irc.rizon.net (за повеќе инструкции пратете порака). Верувам дека сегашната иницијатива за директно обраќање кон бебињата која се разгледува ќе вроди со поголем број од нив да останат активни и подоцна успешни граѓани.

Благодарам,
Со почит,
SaveAss