Економски крах - Има ли излез?

Day 1,158, 21:50 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

По повод историската цена на лепчето од 1 денар, редно е да се напише нешто како решение на сегашниов проблем. Ова ќе биде малку поголема тема ама Ве замолувам земете ја нејзината содржина сериозно. (можеби долните дефиниции се досадни, но добро дефинирање на средината е клучна за изнаоѓање на решение)

Значи ако им доделиме некаква вредност на ресурсите, ќе дојдеме до следниов заклучок:
- постојат компании за производство на основни ресурси (кои што според некои можат да си ја променат дејноста т.е. да се пренаменат за производство на друг основен ресурс)
- постојат компании за производство на производи со употреба на ресурси, за крајните потрошувачи.

Пласманот на овие производи е малку комплексен, па ќе пробам истото да го дефинирам малку поспецифично, како и да ги дефинирам потрошувачите. Имено како потрошувачи на производите ги сретнуваме:
- Граѓаните, кои купуваат на пазарот (константна вредност)
- Државата, која учествува со повеќе фактори како купување и продавање, данок на промет и данок на работна сила, увозна такса. Иако комплексно дефинирана во најдолем борој на случаи може да се дефинира како константа со учество на пазарот од 1.5 пати од вредноста на данокот или моментално околу 20% (што не е малку)
- Другите држави (преку извоз) каде не сме нешто многу активни
- Војна намерно е издвоена како посебна ставка зашто самата по себе повлекува специфичен одзив на пазарот, а како издвоен феномен може лесно да се дефинира. Учеството на пазарот зависи од претходната состојба на општеството и активирањето на државата или не со своите ресурси. Најдобро е да се сфати како бустер.
- Црна економија.

Овде е моментот каде ќе застанам за да кажам дека не ми е приоритетно да се правам паметен, зашто тоа ми е поважно за РЛ. Тука важно ми е да се изнајде решение.

Зашто дури сега го пишувам ова?
Малку сум нов во играта па ми требаше време да ги анализирам ефектите на сите овие параметри, да ги дефинирам јас и нормално да поставам теза која потоа ќе покаже резултат или не.

Најпрво добро е да се раздвојат ресурсите и да се подредат по нивното значење, според подолга анализа тоа би изгледало вака:
1 Жито
2 Леб
3 Железо
4 Оружје
5 Камења
6 Куќи
7 Бункер
8 Нафта
9 Билети
10 Болници

е сега оди радикалниот чекор за кој треба „м*да“:

За да се стабилизира пазарот истиот треба да се засити т.е. да се одговори на побарувачката. Моментално тоа значи увоз, крај на војната, изземање на државата од пазарот, концентрација на работната сила или комбинација од некои од претходните.

Она што јас го предлагам е комбинација од неколку чекори кои можат да не' вратат во колосек. (конечно интересниот дел за кој би требало да има многу дискусија)

Прво да напоменеме дека со стабилизација на пазарот цените на производите ќе престанат да растат т.е. ќе почнат да се намалуваат (дај боже да го имаме тој капацитет) така што некоја моментална загуба ќе ви се компензира со моменталната заработувачка, а поефтините ресурси ќе ви донесат стабилен пазар и стабилен пласман. Затоа не се плашете.

Првиот радикален чекор (кој не е најтежок) би значел фокусирање на економијата во една стопанска гранка и тоа целиот примарен сектор на производство да оди во производство на жито. Најпрактичен начин да се постигне ова е со зголемување на данокотна останатите сектори на производство на основни производи, имено:

Таксата за плата во гранките Камен, Масло и Железо да се качи на максимум, ДДВ на овие производи да се качи на 10%.
Ова првенствено ќе ја насочи цела примарна економија во производство на Жито, што е и целта во моментов.
Секундарната индустрија треба да се остави како што е за следните 24 часа, по што би следело исти чекор, сите индустриски гранки освен лебната да се изложат на специјални мерки што би ги натерало вработените во тие индустрии да се префрлат во лебната.
Според следењето на пазарот очекувам пазарот за жито да се стабилизира за максимум 3 дена т.е. заедно со лебната индустрија на која би и' биле потребни 2 дена. За да нема повторување на вакви дефиците предлагам:
ДДВ-то на лебот да се качи на 20% - тоа значи оној што сака да купи леб ќе треба да има можност да плати за него, со што индиректно се изземаат младите играчи.
Лебната и житната индустрија во иднина да не нудат работни места за работник под ниво 4, ако не сакаат ДДВ-то да им порасне на 30% и ако сакаат да се заштитат од камикази и за да нема вакви крахови на економијата. Со ДДВ од 30% ретко кој нов играч ќе може да си дозволи да се бори т.ш. индиректно се штити економијата.
Постепено да се пуштаат и другите економии да се вратат во нормала со што треба да се стави некое си ДДВ на крајниот производ т.е. на оружјето. 5% ДДВ не е доволно да се спречи некој да купи оружје т.е. пиштол или пушка.

Само да се вратиме во реалноста за момент. Со овие цени ви доаѓа исто како да имате 100% ДДВ и за помалку од 0,5 денари сите ќе јадеме странски леб кој ќе биде поефтин од нашиот. Значи ова сепак не е толку лошо.

Изземање на Државата од пазарот... тоа би значело да почека со полнење на своите државни резерви за да не го пролонгира заздравувањето на економијата и да гледа да го стабилизира пазарот со своето учество, наспроти целосното дестабилизирање кон кое помага сега. (пример за таков удар беше порастот на цената на лебот од 0,65 на 0,8 т.е. 25% пораст на цената)

Изнаоѓање на политичко решение за проблемите, а не директно пуштање во конфликт (еве што е најтешко). Иако е најинтересниот дел од играта, треба сите да знаеме дека нешто што е нај не интересно е да се губи. Затоа да направиме да не ни биде на сите најнеинтересно и да направиме од нас победници чекор по чекор. Моментално гледаме дека со сила (и без добра организавија) убавина нема.


На крај...
Дали ќе има незадоволни страни ... секако дека ќе има, ама ако има некој подобра алтернатива нека повели и секако за крај да ве почестам со овие мили податоци:

http://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM

или

Gross domestic product (GDP) 4550.39 Gold (производство)
Monthly exports 1870.99 Gold
Monthly imports 4520.76 Gold (трошиме скоро двојно од тоа што произведуваме)
Inflation -28.36 %

Благодарам на одвоеното време,
со почит,
SaveAss

п.с. Не треба да кажувам дека под црна економија ги подразбирам „Државните компании“ и DW компаниите за кои постои многу лесно решение:
Админите треба да се согласат една компанија да не може да работи ефикасно ако повеќе од 10 души сработеле нешто тој ден. т.е. да важат истите правила како и за превработеност.

Поздрав... очекувам дискусија на ИРЦ или преку коментари, кој како милува.