Државни компании, паравоени организации и слични трикови ???

Day 1,157, 11:45 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

carlixxx Day 1,156, 15:02 (коментарот е од претходниот број: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1645122/1/20 )

Братче а да напишеше на пример како ти би се справил со економската криза?Со што би придонел ти за да се подобри ситуацијата?
И кажи ми зошто според тебе е лошо да има државни компании?


....................

Како што ветив еве малку по опширно околу државните компании т.е. тоа се компании кои ги раководи државата независно од смената на власта во еМакедонија.
Прво и основно во играта не постои начин да се креира Државна компанија, тоа значи дека компанијата припаѓа на играчот кој ја креирал со што автоматски компанијата не е државна.
За да ви биде појасно ќе дополнам дека многумина од газдите т.е. сопствениците на компаниите всушност се кријат зад патриотизмот, државата, паравоените организации па дури и партиите.

Е сега за да се добие убав микс и сето тоа да биде убаво завиткано имаме:
-Патриотизам:Работи за минимална плата и ќе добиваш бустери и сл. - Кој ги обезбедува тие ресурси? Данокот, сите ние.
Како контра аргумент според една моја пресметка, после првиот месец секој еден играч би можел самостојно да се одржува и надградува многу побрзо од самостојни средства.
- Државни компании: Тоа се компании кои работат во интерес на државата или во превод имаат сигурен пласман на своите производи - Државата им ги откупува производите по некоја цена, кој, колку и како плаќа никако не може да се одреди зашто моменталиот државен поредок ни е така поставен.
- Паравоени и воени организации - работат за државата, но и за себе, повторно прашање е колку и како се прави договор со нив и колку патриотски е сето тоа изработено
- Партиите се исто така многу важни, во моментов еМакедонија има класичен кумунизам и големо едноумие што нормално води до ситуација како оваа.

Кога ќе се комбинираат сите погоре работи се добива една совршено прикриена машинерија на одредена група луѓе кои пред се' ги бранат своите интереси.
Во многу ретки ситуации тоа значи и интересите на еМакедонија т.е. кога погоре споменатите интереси ќе се поклопат со интересите на Земјата. (еден пример од реалниот живот е сицилијанската мафија за време на втората светска војна)

Едни од првите показатели дека нешто не е како што треба се: даноците и останатите такси, енормни промени на цените (не за џабе политичарите велат стабилен курс, ниедни флуктации во екстремност не се добри) и вештачка контрола на пазарот.

Како да се реши ова?
Едноставно, сите што имаат право на глас треба да влезат во некоја политичка партија и да не дозволат само една партија да има мнозинство. Затоа јас влегов во помала партија, затоа се кандидирав за член на конгрес и затоа за неколку дена ќе ја барам поддршката од Вас. Исто така оние кои знаат што прават би ги поддржал исто така да се кандидираат.

Затоа што во цитираниот коментар беа посочени 2 прашања, сметам дека првото прашање е поадекватно за наредниот број на весников т.е. во очи на изборите.

Благодарам на вниманието,

со почит,
SaveAss