Давид против Голиат - битката започнува

Day 1,156, 11:42 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Знам дека во вистинскиот свет, човекот ја следи толпата, но доколку застанеме и размислиме само една секунда верувам дека на памет ќе ни дојдат многу нови идеи, сите подобри од алтернативата кон која се движите со мнозинството.

Дали ова значи дека сакам да направам разиденување на народот и ширење на пропаганди?
Апсолутно не, новите идеи се нови патишта, не за џабе е кажано дека пред аргументите и боговите молчат. Зашто тогаш немаме идеи? Зашто едноставно слепо ја следиме моменталната подреденост и се одлучуваме за најјакиот? Зашто оној со LVL 1 е помалку ценет од оној со LVL 26? Дали силата значи добар менаџер, добар лидер, добар конгресмен и најважно ЧЕСНА ЛИЧНОСТ?

Да не се лажеме, ветеранството заслужува почит и тоа не го оспорувам, но не секогаш тоа значи правилен избор.

Давид против Голиат, епска битка каде разумот, размислувањето , идеите, вербата во себе ги победува силата, ароганцијата и тривијалноста.

Моментално еМакедонија ја тресат повеќе кризи, но за сега најважната е економскиот крах. За жал најголем непријател на еМакедонија во моментот е самата власт. Проблемот е сепак поголем, не е проблем тоа што еМакедонија е пред економски крах, не е ни проблемо кој е најголемиот моментален непријател, проблемот е што имаме голема пасивност и ништо не преземаме за тоа да го поправиме.

Исто така интересно е што имаме и компании од типот: Државни тенкови, Државен Леб, Државно жито и сл. Кои се водени од газди кои пак повторно одговараат пред самите себе. А кој сум јас да му кажувам на некој со 25-ти LVL? Едноставно кажано јас сум човекот со аргументите, оној со вистината, оној што го посочил проблемот што го забоцкало некој заради тоа.

Што може поединецот да стори, што може сопственикот на некоја компанија да стори, што може некој како мене да стори?

Можеме да покажеме дека знаеме кој сме, дека знаеме што се случува и дека нема слепо да гледаме. Јас воедно и одлучив да се кандидирам за конгресмен и ако ме изберат, ќе можам да се спротиставам. Треба едно да бидеме свесни Давид е помоќен од Голиат.
Бирајте разумно, вклучете се во процесот на одлучување, бидете единствени... тоа за сега е првиот чекор кон општата благосостојба.

СТОЈ! Време е да почнеме да мислиме како да дејствуваме.

Благодарам,
Со почит,
SaveAss