Почитувани читатели!

Day 1,156, 10:35 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Иако пишаниот збор не ми е непознат, сепак секое искуство е малку различно. Првиот натпис Ви го посветувам како мое лично обраќање, зашто без Вас овој весник нема да има смисол.

За разлика од многумина кои отвораат весник само заради мисија (злато) и притоа забораваат на квалитетите и моќта на пишаните медиуми долго време бев во лична дилема дали воопшто да се мачам со уредништво т.е. дали квалитетот не е веќе разводнет и вештачки т.е. тривијален. Еве сепак решив да пробам и да си дадам себеси и Вас можност да ја осетите моќта на разумот, размислувањето, социјализацијата и чувството за припадност. Знам дека си ставам тешка цел, но уште погрешно е да не се проба да се направи тоа.

Нормално дека ќе им се даде шанса на сите кои сакаат да напишат една статија, да не мора да потрошат за тоа 2 златни парички и со радост би ги објавил сите статии кои ќе ги пратите. Условот е да не засегаат ничии личен интегритет или групна навреда.

Она со што овој весник ќе се занимава се темите кои ги засегаат младите и сите играчи. Особен предизвик за мене ќе претставуваат државните теми кои ќе ги разгледам од сосема друг агол можеби оној најмрачниот или најлукавиот. Исто така ќе пробам да ја добијам Вашата доверба преку едноставно почитување на Вашето мислење, Вашиот интегритет и Вашиот глас. Нормално дека ќе има и лични моменти зашто овој весник ќе биде дел од мојата е-личност и дел од мојата реалност.

На крајот од секоја статија ќе се заблагодарам за Вашето одвоено време и достојно ќе се поздравам со Вас.

Благодарам
Со почит,
SaveAss