Почетнички грешки

Day 1,151, 01:55 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni

Не навлегувам во тоа дали требаше да се брани Видин или не, и тоа какви команди беа давани и кој се не даваше команди во минативе битки, кој и кому делеше оружје и по кој критериум, зошто лебот скокна на 0,96 мкд во средина на војната за регионот Софија, башибозукот и воената параноја на чет каналот.
Тоа се почетни аномалии кои треба и со времето ке се средат, меѓутоа едно ме плаши.
А тоа е желба и глад за нови ИскуствениПоени (EP) по било која цена.

За разлика од првиот baby-boom, каде нашава еДржава не водеше војна со никој ( и тогаш се појавуваа вакви грешки ), ама сега со овој новиот mini-baby-boom, кога се војува, грешките ај што се повторуваат туку сега веќе се и кобни.Се поставува прашањето, дали грешките се поради неинформираност или поради желба за брз напредок.Јас би рекол дека е поради оваа второво, сите новајлии се желни да напредуваат, и тоа ако може сега и веднаш.Не дека немаше новинарски статии полни со совети ( а имаше ), не дека не беа читани ( а беа читани ) што се и гледа од коментарите.Еве да одвојам време за две грешки, првата ни се константно повторува а вторава е тазе.

1-ва грешка, непотребно војување кога ѕидот е над 60%, и тоа војување до крај, каде се исцедува здравјето до крај.Допринос скоро нула, штета огромна.Односно се прави штета на противникот околу 100 а наспроти тоа здравјето се намалува за 80+, каде враќането на здравјето е скапо и најчесто на државен трошок ( 1-ва штета ) и работењето во фирмата наредните 2-3 дена е непрофитабилно ( 2-ра штета ) што резултира со отказ а тоа пак со намалена продуктивност генерално на сите фирми во еМакедонија.Замислете 300 такви камикази да кружат по нашите фирми 3 дена.

Овој пример е само со оние под 25 здравје

2-ра грешка, се појави денес, и таа е од недоволно информирање и брзоплетост на играчите.Вчера и денес нашите нови играчи за прв пат учествуваа во резистенс војна во која е инволвирана еМакедонија и малку ги помешаа работите, се бореа од страна на противникот.


Беше и да не се повтори

Старите кажале, брза кучка-слепи кучиња раѓа, ете ја преболивме и таа болест.Што сакам да поентирам.Да не се брза, да се следат и почитуваат наредбите ( и советите од постарите играчи ) и конечно да се спроведат инструкциите од туторијалите на дело, само така штетите би се свеле на минимум.Воедно и апел до државниот врв, малку да се поработи на организацијата, оти по мене, малку кикснавме на тој план.


GG Blah, GokaGrozni