КАКО ДО ЗАСЛУЖЕН ММ-МЕДАЛ - КРАТОК ТУТОРИЈАЛ

Day 1,111, 10:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavko


ПОЧНА МАКЕДОНСКАТА ММ АКЦИЈА.ДА И ПОМОГНЕМЕ НА еМАКЕДОНИЈА.
http://www.erepublik.com/en/article/-mmma-10--1595037/1/20


ММ медалот , сам по себе не е примарна цел, туку луѓето да прочитаат што имаш да кажеш... Но неможе да се каже дека ММ медалот не го кити вашот профил...По тој повод пишувам еден краток туторијал кој се однесува на тоа КАКО ВАШАТА НОВИНА ДА БИДЕ ЧИТАНА И КАКО ДА ГО ЗГРАБИТЕ ММ Медалот

1.ПИШУВАЈТЕ КВАЛИТЕТНО, ЛИТЕРАТУРНО И РАЗНОВРСНО
Критериумот за тоа ‘’што е тоа квалитетно’’ се разликува од човек до човек.Сигруно дека текстот кој е напишан ќе има и критика, позитивна или негативна, но тоа зависи од читателот,неговите мислења, ставови и принципи.Затоа потрудете се да пишувате непристрасно и објективно, без навредувања и вулгарности.Ако некого сакате да критикувате, правете го тоа крајно културно и со аргументи.А пак од друга страна ако сакате некого да пофалите , правете го тоа без китење и додавање на непостоечки работи , препишување на туѓи заслуги и претерано увеличување на самата личност.Пишувајтего своето мислење а не меслењето на другите, мислењето на вашата партија или воена единица.
Пишувајте писмено, затоа што овде луѓето кои што ги читаат овие статии имаа висок критериум за пишувањето во весниците.Доколку не ја пишувате статијата и на англиски јазик писменото пишување ќе им помогне на странските играчи да ја преведат (Google Translate ).
Кога ќе решите да пишувате новина не е препорачливо да пишувате само за политика или само за боена тематика или пак за економија или туторијали....Квалитетен новинар пишува за повеќе теми, а пишувањето на само една тема може да има последица од симнување на претплатата , а се разбира тоа никој новинар не го сака.Но од друга страна неможат сите луѓе да пишуваат се, со неколку исклучоци.Затоа пишувајте на повеќе теми, но сепак гледајте тие статии да бидат добро напишани.

2. СЛИКИ
Хмммм....Луѓето често ги одбегнуваат статиите кои се премногу долги и немаат слики.До некаде и можам да ги оправдам.Луѓето немаат време, а оваа игра ако и се посветиш доволно тражи многу седење пред мониторот.
Долгите текстови го претвараат се тоа во вечност...Тоа се разбирам , но дали новините мора да имаат слики за да бидат интересни? Дали се самите слики поинтересни од тоа што пишува во статијата?Ако одговорот е да , тогаш погрешно сум ги проценил барањата на читателите во еМакедонија...
Сеедно , добро е да имате по некоја добра слика во вашиот весник , но ништо што е вулгарно, навредливо и ништо што ќе натера да некој го притисне дугмето Report.

3. ПРИАТЕЛИ и SHOUT
За вашата статија да биде читана обавезно имајте што е можно поголем круг на пријатели , по можност тие пријатели да имаат исти или слични ставови со вашите.Најевтиниот и најдобар начин да ја рекламирате вашата статија е преку Shout.Како што гледам бројот на Shout- тите се зголеми од 3 на 6.Затоа користитиги Shout-тите , особено по попладневните и вечерните часови затоа што тогаш има повеќе играчи.

4.СПАМ и ADVRETISING
Спам може да се прави по chat каналите или во коментарите во статиите на други новинари.Некои канали имаат свои правила за тоа колку често може да се рекламира некоја статија во одреден временски период.Тоа е разбирливо затоа што има доста спамери кои често претеруваат.
Исто така еРепублик има свој ADVRETISING кој поприлично помага но и таа рекламација чини пари.За таквиод вид ви препуштам сами да одлучите.
5.УШТЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ
Кога е во прашање овјавувањето на статијата ве советувам тоа да го направите во вечерните часови, но да не биде премногу доцна од истиот разлог кој важи и за SHOUT-от.Статиите кои мислите дека ви се квалитетно напишани а не се поврзани со политика никогаш не ги издавајте за време на избори.Нека вашите наслови бидат оригинални и впечатливи, но во контекст со темата за која пишувате.Ако насловот нема никаква поврзаност со статијата би било добро тоа да го пишете во почетокот на самата статија.
И за крај еден трик за вашата статија што подолго остане во медиумскиот простор: пишувајте ги статиите предходно во Word или некој друг сличен програм , затоа што одкако ќе стиснете write article одма почнува еРепублик да го прерачунува времето.Така да ако пишувате статија директно во новината и за тоа изгубите 1 час кога ќе га овјавите статијата таа веќе ќе биде 1 час СТАРА.
* * * * *

Со среќа на сите ‘’ловци’’ на ММ медалот

Голем поздрав
Ваш Palavko
Статијата е превземена од : http://www.erepublik.com/en/article/-1-1591968/1/20
Голема благодарност до Marko Paunovic Drugi што ми дозволи неговата стаија да ја преведам.