Постизборно

Day 1,102, 12:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Драги еСограѓани и сопартијци,како што знаете вчера се одржаа вторите по ред конгресни избори кои можам да кажам дека беа доста демократски.Пред се сакам да им честитам на сите конгресмени
Но мора да направиме сума сумарум на целиот изборен процес.

После неправедното одземање на една од нашите партии од страна на darklover веќе беше општопознато дека не очекува плурализам.Живееме во демократско општество и нормално е да има и повеќе партии,но едно нешто не ми е јасно,кога веќе се партија зошто "лидерот" не влезе во конгрес? Мора да се свати дека сепак е ова само игра.

Но нејсе и тие одцепувања поминаа и заминаа и не ни ги осетивме ни како партија ни како држава. Во меѓувреме беше пуштен оглас за конгресмени со ПРАВИЛА кои тешко дека некој ги испочитува(секоја чест на исклучоците).Уште од сега да кажам дека веќе нема да има никаква толеранција на наредните избори кои следуваат.Овој пат се попушти во интерес на демократијата,тоа беше основната цел,да има што помалку незадоволни.Но едно мора да разбереме дека оваа игра има три основни столба Политика,Економија и Армија и во иднина секој играч сакал или не ќе мора да застане на еден од овие столбови,на два стола не се седи нели?

Како така се одбраа и кандидатите.Нив нема да ги коментирам но не можам а да не споменам дека добар дел од оние кои не беа изгласани на форум уште истиот ден се префрлија во другите партии демек разочарани за неизгласаната доверба,ццц,смешно и жалосно и одма почнаа да пукаат по весници како ние не сме биле демократи.Па можам да кажам само дека токму тие ја злоупотребија демократијата,замислете какви конгресмени би биле.

Во текот на изборниот ден се случија неколку интересни ситуации.Најинтересна беше распределбата на гласови која доаѓа од неупатеноста на барем половината од македонските играчи.Имено сите тие гласаа механички гласајќи за првиот на листата,а мислејќи дека гласаат за партијата.Тоа доведе до ситуација да скоро половина од нашите гласови отидат за првите 3ца кандидати од секој регион.Со овој број на гласови и правилно распределување на истите комотно можевме да прошишаме на изборите и да си ги земеме сите 27места,но и сегашната состојба со 25 конгресмени не е лоша со оглед на тоа што најавениот удар за 9 часот ја немаше силата да ги поврати уште тие 2 места затоа што истовремено имаше реално шоу на Љ1 телевизија кое секако беше понтересно.

Морам да споменам дека денеска се обидов да комуницирам со 5те играчи кои не се од нашата партија.На сите им понудив да се префрлат во нашата со цел да демонстрираме национално единство и заедно да ги координираме законите во конгрес.
Се договорив само со Vasil Cakalarov i Macedonia for Macedonians,секоја чест многу разбрани луѓе,за Миле веќе знаеме ама еве и Васил Чакаларов се гледа дека е стабилен дечко кој верувам дека понатака многу ќе и помогне на оваа држава.Иначе немаше проблеми и со Аминта кој рече дека засега нема да се префрла но ќе координира со нас.Со другите двајца има време да се договориме.Целта на ова обединување е да застанеме цврсто зад интересите на еМакедонија и да нема раздор прво меѓу конгресмените,а потоа и меѓу играчите.

За крај ќе ве замолам да не пишувате погрдни коментари по весници за функционерите и конгресмените,секој има подеднаква шанса да добие функција,но запаметете дека функцијата ја даваат сите играчи!

Мојата втора молба се однесува до сите конгресмени да се врати златото од ТМ и да се донира во НБРМ!

Среќно МнМ






ЛИНК од официјалните резултати