еСветотоТројство ( за почетници )

Day 1,069, 02:39 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni

Почитувани читатели, со оваа статија GG Blah ке ви обрне посебно вниманије на дневните задачи кои треба да ги извршувате.Сведоци сме дека новите играчи, во желба ( и жед ) за достигнување на што повисоко ниво, не ги почитуваат советите од постарите играчи, а тоа длабоко се одразува врз нашата кревка еЕкономија.Секојдневно македонскиот црвен крст буквално е бомбардиран со барања за помош со леб.

"Пилците на есен се бројат" така вели народната поговорка, така и со нашиот Baby-Boom, да не се фалиме дека имаме успешен препород, туку сите тоа да го констатираме, тогаш кога поголемиот дел од новите играчи ке ги доведеме на здрави нозе.Кога ке бидат вредни работници, истренирани со висок Military & Economy Skill и конечно горди и силни војници, став и трепет за противникот.

Поради овие причини GG Blah ви го препорачува еСветотоТројство ( за почетници )

Се додека не заштедите доволно пари за да се обезбедите со квалитетна куќа, која секојдневно го подига вашето здравје, придржувајте се на оваа свето ( за вас почетници ) тројство, дури подоцна ке го посетувате маркетот во делот на оружјата и ке се оди на бојното поље ( ви ветувам ).А сега за сега доволно е само оваа, видете го новиот видео туторијал ( во прилог )

http://www.youtube.com/watch?v=sT4w3WKMBko


Уредник : GokaGrozni