СОБИРАНКА ЗА 1 РОДЕНДЕН на еМАКЕДОНИЈА

Day 1,415, 00:57 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



СОБИРАНКА ЗА 1 РОДЕНДЕН на еМАКЕДОНИЈА
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1-1876081/1/20
~~shout~~


EDIT:

Во консултации со Претседателот ви ја соопштувам агендата за прославата на 1 роденден на еМакедонија:

1. Собирање во кафе Манија во Аеродром во 20 часот - сите што можат да дојдат нека се појават прво таму да фрлиме по некоја пијачка (Ванчо и Аексил Конг) го договарале местово - локација: веднаш после Железничката станица, од лева страна, во правец од Центар накај Аеродром, веднаш до зградата на ОНЕ (Космофон)
2. Собирање на плоштадот на ВиноСкоп во 21:30. Место на собирање, споменикот на Цар Самоил, веднаш до кафаната Пелистер (стара дал фуфо)
* Денот на собирање е 7 Октомври Петок



Немам многу време и се брзам за на работа.
Пошто на 7 октомври еМакедонија го прославува својот прв роденден, ви предлагам да направиме собрианка.
Бидејќи сега во Скопје на плоштадот е актуелен ВиноСкоп, ви предлагам да се собереме таму. Ќе има ефтино вино, секакво мезе и огромен простор. Секој ќе може да дојде и да се собереме на одренено место на плоштадот.
За местото и сите тие работи околу давајте предлози, па ќе ставам едит.

Мислам дека поводот за да се направиме дрва е измислен

Местото е отворено за сите, така да некоја посебна организација нема да ни треба. Се што треба е да се договориме каде од прилика да се најдеме (на пример под споменикот на Гоце или под Ченто, кај било)

Виното минатата година беше со иста цена како да го купуваш од продавница. Се сеќавам дека флаша црвено беше 240 денари. Плус, Стоби винаријата даваше за 2 купени флаши, една гага. Тоа значи за малку пари дека можеме да се превртиме.
Бидејќи станува збор за 1 роденден на еМакедонија, мислам дека нема појако место за негова прослава од плоштадот во главниот град. (нека не се лутат овие од другите градови 🙂 ) Плус, кога ќе направиме една групна фотка под Аце, има да биде лом.....

Затоа ако се согласувате, шаутирајте, за да ја пробиеме идејава и да направиме еден помасовен собир. Имаме уште нецели 2 дена


СОБИРАНКА ЗА 1 РОДЕНДЕН на еМАКЕДОНИЈА
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1-1876081/1/20
~~shout~~