TURNIR VO HAXBALL - PLAY BALL

Day 1,301, 10:20 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

Здраво еМакедонијо,
јас и мојот драг пријател MACEDONIAN T REX решивме да направиме турнир во играта Haxball (PLAY BALL).
Учевство на турнирот е 500мкд или 2 голд(бидејќи по сегашниот курс 1 голд е 250мкд).За пријавување испратете ми порака со наслов ЗА ТУРНИР и во пораката напишете го името на екипата и играчите и да се пратат 500мкд или 2 голд. Пријавувањето трае до недела во 20 часот. Во секоја екипа играат по 4 играчи.

Наградите се:
Екипата која што ќе победи добива 5000мкд
Најдобриот стрелец добива 1000мкд

Турнирот ќе биде:
Прва фаза:
-16 екипи поделени во 4 групи со 4 екипи во кои секоја екипа со останатите ќе одигра само по еден натпревар. Најдобрите две екипи одат во следната фаза. Секој натпревар ќе се игра по 10 минути.
Втора фаза:
-четвртфинале-во четвртфиналето првиот од А ќе игра со вториот од Б група ,а вториот од А со првиот од Б и исто така и со групите Ц и Д.
-полуфинале-во полуфиналето ќе играат победникот од дуелот на првиот од А и вториот од Б против победникот од дуелот на вториот од А и првиот од Б. Исто така и со останатите 2 натпревари.
-финале-во финалето ќе играат победниците од двете полуфиналиња и победникот ќе ги освои 5000мкд

Организатори на турнирот:
Makedonec do Groba
MACEDONIAN T REX

Чат канал: #haxball-eMKD

За шаут:
Turnir vo haxball - play ball
http://bit.ly/lLmaKk