Summer Madness - Кандидатура за Претседател на Македонија

Day 1,348, 13:54 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD

Ја објавувам мојата кандидатура за Претседател на Македонија.



Во овој мандат сите знаеме каква работа не чека, затоа Македонци ОБЕДИНЕТЕ СЕ !
Обединете се зад ИДЕАЛОТ Македонија поради која сите сме тука денес, идеал кој мора да ни е приоритет во секоја смисла .
Се запознаваме сите преку играва, со некој од Вас испивме по некое пиво како ДУЕЛ пред Избори и си ветивме конструктивна соработка ... Соработка ветувам со сите кои се подготвени да работат за доброто на мојот и Вашиот идеал .

Да започниме со работа уште првиот ден....
Уште првиот ден по преземањето на функцијата ветувам промени кои сите ќе ги размрдаат да делуваат , проширување на надлежностите на Министерствата, блиска соработка со Армијата и паравоените единици , како и поголема улога на цивилите во донесувањето на важни одлуки битни за Македонија т.е. распишување јавен Референдум за тие прашања .

Новина која ќе биде поттик за сите да работат за доброто на Македонија ќе бидат јавните признанија кои ќе се доделуваат еднаш неделно, лично од страна на Претседателот преку претседателскиот весник .

Орден за Храброст - за борби зад непријателски линии



Орден за Воени заслуги - за вадење од патики непријателски единици



Орден Илинден - за Одбрана на Татковината



Ви ветувам политика на помирување меѓу Македонците исто толку колку што сум убеден дека можеме да имаме 8/10 ресурси ДОЛГ период и благосостојба на сите . Летни денови во кои сите ќе уживаме и ќе се забавуваме додека играме . ДОСТА беше делење на ПОДОБНИ и НЕПОДОБНИ крајно време е да го покажиме вистинскиот дух на Македонецот, да покажиме дека играме за да се забавуваме да покажеме дека ПОБЕДУВАМЕ додека се забавуваме !!!
Иднината на државата ќе зависи од Август .... но да не бидиме премногу сериозни и да направиме играва да го убие нашиот дух, во народот има еден добар поим за овој месец а тоа е Глуп Август т.е. Summer Madness затоа ви ја претставувам Програмата во мојот мандат -
ЌЕ БИДЕ ЛУДО И НЕЗАБОРАВНО !

Тимот кој го нудам како најблиски соработници :

Претседател - КепенциМКД
Потпретседател- Лавчан
Премиер - Мацед0н
Министер за Надворешни Работи - Брсјаче
Министер за Одбрана - КомандерТом
Министер за Финансии - Кракерче
Министерка за Здравство -ЕрикаЗ
Министерка за образование - ВикиМКД
Пропаганда - ТомиБаир
Министер за Економија и Гласноговорник на Влада - Гранд Адмирал Кристијан

Секој од нив има задача да одбере свои заменици .....

ЈАВЕН повик кон сите да се вклучат во Тимот . Заедно сме посилни !

Во нови победи НАПРЕД .... Ураааа Ураааа Ураааа

Со почит КепенциМКД о7