PRIME LORDS - концепт [SaveAss]

Day 2,341, 02:20 Published in Chile North Macedonia by SaveAss

Почитувани,

веројатно сите веќе имате слушнато за Prime Lords, дури мило ми е што некои постари играчи ги препорачуваат своите другари (бебиња) кај нас во единица, но целта на Prime Lords не се само бебињата.

Од пред недела дена имавме регрутација, која помина одлично зашто добивме +10 членови и тоа сите се бебиња, бебиња за кои ќе ви гарантираме дека ќе станат препознатлива сила во блиска иднина.

Проблемот заради кој го пишувам овој текст се постарите играчи, оние кои реално прават единицата да има поголема или помала популарност. Исто како и партиите и единиците својот рејтинг го добиваат врз основа на штетата и убиствата.
Имаме среќа повеќето постари играчи членови на Prime Lords да бидат свесни и доблесни и покрај тоа што не се членови на Сениорите, активно да се вклучат во помошта на бебињата. Ја користам оваа прилика лично да им се заблагодарам.

Секако голем дел од товарот го носат самите, дополнително имаат и голема толерантност по основа на одредени теми. Заради нив Prime Lords се доследни на нивната 10-та позиција во Македонија.

Изминатава недела си поставив едно прашање, Зашто постарите играчи чувствуваат потреба да не’ препорачаат нас на своите другари кои почнуваат како бебиња, а притоа самите не се одлучуваат за нас?

Впрочем членувањето на постари играчи ќе допринесе до поголема афирмација на самата единица, нејзиниот концепт на работа, нејзините залагања.
До сега имавме можност да пробаме различни концепти, државни единици, приватни единици, платеници и сл. сето тоа доведе до намалување на бројот на еМакедонци. Зашто најголемиот дел од постарите не дадат шанса на новиот концепт кој го промовираме, а притоа сметаат дека таа опција е подобра за нивните другари кои почнуваат како бебиња?

Од овие причини решив да го напишам овој текст како отворена дискусија, за лично да видам што мислат оние кои не се членови.

Prime Lords не се бренд зашто брендот е илузија, не се ни број 1 зашто тоа е бројка, ние сме идеја за рамноправност и почит, која е визија на многу Македонци, а ние пробуваме да ја преточиме во реалност.

P.S. I am sorry this text is not in english, but it concerns Macedonian issues.
Со почит,
SaveAss