International eRepublik Meeting 2013 [MK VERSION]

Day 1,900, 09:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker


Поздрав до целиот Нов Свет!

Чест нѝ е да ве известиме дека почнавме со организирање на Меѓународната еРепублик средба 2013.

Како што можеби знаете, последната еРепублик средба се случи во Темишвар, каде согласно со традицијата на средбите се одлучува која ќе биде следната земја. Земјата со најголемиот број на присутни играчи беше нашата убава Грција. Така одлучивме дека идеалното место би бил Солун...
Солун е најголемиот град во северниот дел на Грција и е лесно достапен со кола, воз, брод и се разбира со авион.



Сѐуште треба да одлучиме за датумот на средбата.
Со цел да ги задоволиме сите, креиравме прашалник во кој сите граѓани самите ќе го одлучат датумот!
Имајте на ум дека летата во Грција се навистина топли, па имаме две опции: јуни или септември.
Сепак можете да предложите било кој месец кој ви одговара и одлуката ќе биде донесена согласно со резултатите од прашалникот.
На следниот линк можете да го најдете прашалникот!



Ве молам пополнете го одговорно со цел сите да имаат корист од резултатите.

Прашалникот ќе биде достапен во траење од еден месец, така што одлуката донесена од сите нас ќе биде објавена на почетокот на март. Не морате да го пополните денес. Имате време.

Повеќе информации на http://summit.erepublik.gr и на facebook http://www.facebook.com/pages/eSummit2013/131174133718669

Тимот “Меѓународна еРепублик средба 2013”

Sunsetter
XtaSia
_Taina_
Asomac
Charisiadis Hlias
Earentir
Iaswn
McLarenDr
The Voyager