eWorld Royal Casino

Day 2,789, 11:20 Published in Serbia Serbia by Alphonso Gabriel
eWorld Royal Casino

Здраво еСвету!
Чест ни е да ви го најавиме првото и единствено онлајн казино за обложување, во еСветот. Целта на ова казино е да воведе забава и дружба за сите играчи на еСветот, воедно и добивка за полесно развивање во играта. Се работи за едноставна игра во која 2ца играчи се договараат меѓусебно за влогот(тенкови, голд, пари, итн). По договорот двајцата играчи ги префрлаат средствата на посредник, кој ги задржува се додека не заврши играта. За начинот на играње и правилата на играта можете да прочитате подолу.
Директен линк:
http://mibbit.com/?channel=%23royalj&server=irc.rizon.net

Начин на играње:


1. Обложувањето е меѓу 2 и само меѓу 2 играчи.

- Откако ќе го најдете вашиот противник се договарате за облогот (тенкови, храна, голд, пари, итн). Облогот зависи лично од вас и нема никакви минимуми и максимуми, лимитот е оставен на вас.
По склучувањето на договорот со противникот се чека средствата да ги префрлите на посредник. Доколку облогот е во 50 тенкови, обврзани се двата играчи да испратат по 50 тенкови на посредникот. Посредникот нема да ја започне играта се додека не потврди дека е примена уплата од играчите.

2. Победник е оној кој има поголем број

- Победник е оној што ќе добие поголем број. За да свртиш број потребно е да напишеш !број или !number. Броевите се од 1 до 999.

3. Играта се одвива во една рунда или во три

- Со меѓусебен договор можете да вртите една рунда или на 3 добиени. Се работи за лично ваш договор кој треба двата играчи да го потврдат на посредникот.

4. Победникот ги добива средствата

- Откако ќе заврши вашата игра вие ги добивате средствата од противникот. Посредникот задржува 10% од вкупниот облог. Ако се обложите во 50 тенкови (вкупно 100), посредникот задржува 10 тенкови, а победникот добива 90.

5. Можен е и ЏЕКПОТ

- Во играта е воведен џекпот рандом број кој останува ист се додека не биде погоден. Доколку го погодите бројот при вртење добивате награда која вие си ја одбирате.
Можни награди се:
- 10 голд
- 1000цц
- 100 Q7 тенкови

Џекпотот со тек на време ќе расте, а при секое играње посредникот ќе објави кој е износот кој го носи џекпотот. Во играта за џекпот се учествува бесплатно додека се коцкате со некој од другите играчи, а не со спамање на ботот. Спамање на ботот ќе биде казниво со траен бан од каналот.


Правила на игра:

1. Не се дозволени никакви навреди на противникот или кон било кој член на каналот.

2. Не е дозволено спамирање, ниту рекламирање.

3. Забрането е национално, верско, и расно навредување кон противникот.

СЕКОЕ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА РЕЗУЛТИРА СО БАНИРАЊЕ ИЛИ КИКНУВАЊЕ ОД КАНАЛОТ!



Најавуваното Ројал Казино утре почнува со својата работа и ќе работи секој ден од 17h до 2h на IRC RIZON канал #RoyalJ. На каналот ќе биде присутен админ-посредник кој ќе се погрижи коцкањето да биде безбедно за секој играч .

Ројал Џекпот е нашиот прв канал во блиска иднина ќе бидат отворени уште два канали еден Ројал Слот Машин и Ројал Руски Рулет. За начинот на играње ќе бидете известени кога ќе бидат отворени.

Каналот РојалЈ ќе биде отворен 24/7 за дружење и забава. Добредојдени се сите играчи од еСветот. Промоцијата за почеток ни е во Македонија, Бугарија, Србија и во USA. Понатаму планираме да се прошири и во другите земји.
Се разбира не исклучено и учество на играчи од целиот свет. За мирот и редот за почеток ќе се грижат админите Алфонсо, Блекберд, ГГ Нено.

За било каков проблем и недоразбирање ќе се обратите на #РојалИНФО или ќе го побарате по приватна порака некој од админите. Секое спамирање во текот на играта резултира со банирање.

Ние ви гарантираме сигурна исплата и загарантирана забава во текот на играта. Не постои никаков простор за измама. Во работата на казиното односно ботот не влијае никаков човечки фактор, и добивката е чиста среќа.

Средствата ќе бидат наменети за MU MFL – Macedonian Forgein Legion. Единицата средствата ќе ги користи за развивање на играчите од помалите дивизии и за владини цели. Преку игра ќе ви докажеме дека не се работи за никаква измама, и дека #RoyalJ е сериозен проект.

Играчи со среќа,
Тимот на Ројал Џекпот




Директен линк:
http://mibbit.com/?channel=%23royalj&server=irc.rizon.net