AUDI vs YUGO

Day 2,820, 12:19 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

На семафор на црвено застанува црно ауди со тројца набилдани и истетовирани момци во него, кога одеднаш ТРАССС!!
Ги удира Југо со едно мало човече кое нема повеќе од метар и пеесет.
Човекот ги гледа напумпаните во Аудито подголтнувајки си ја плунката, си вели
- Готов сум, ама скапо ќе си ја продадам кожата.
Го отвара гепекот, ја вади хеблата и почнува да мава по аудито.
Го крши ретровизорот, мава по хаубата, по шофершајбната, ги дупчи гумите и задоволен се враќа во своето југо, го стартува и си оди.
Во аудито, тројцата билдери се гледат немо, смрзнати од страв,
- Кој беше овој? прашува едниот,
- Немам поим, ама замисли да бевме ние криви што ќе ни се случеше.