1 Gold за 29 денари

Day 1,820, 09:54 Published in North Macedonia North Macedonia by MinDFucckeR

Ова е прва статија од нов, но сепак стар играч. Како што гледате акаунтов е нов т.е од завчера (ќе пишев одма статија ама немав време, па затоа сега со мало задоцнување). eRepublik првпат ја играв пред околу две години. Тогаш имаше бран од бебиња и значително се зголеми бројот на еМакедонците. Играва ја дадоа на вести на Сител телевизија и се изнарегистрираа еден куп луѓе. Јас случајно се регистрирав баш тогаш (видов на некој странски форум имаше дискусија). Ние бевме една од најголемите држави на еРепублик, а после некое време и најголема држава (по популација, да не се разбереме погрешно). Иако имавме толку играчи ние бевме слаба држава т.е тогаш само што ја додале еМакедонија на мапата. Нашите играчи беа слаби, освен оние кои ја играле играта и пред да не додадат. Ние бевме слаби ама нашите соседи беа најјаките држави во светот. Со Србија (тогашна прва светска сила) бевме први пријатели и сојузници ама Бугарија и Грција ни беа непријатели. Ние тогаш планиравме да ја нападнеме Грција, нормално во регионот Macedonia , но не знам што како испадна првата војна да ни биде со Бугарите. Многу војни водевме со нив, некогаш они тепаа, некогаш ние. Многу бугари тогаш играа со скрипти и сл. и правеа пресврти во последната минута од војната, иако ние ги водевме со огромна разлика. Имаше и неуспешни обиди да ја земат власта итн. Во главно војните на почетокот ни беа против Бугарија. Сега гледам дека односите со бугарите ни се подобриле т.е дека сега сме сојузници со нив, а не непријатели како тогаш.


Во Македонија кога се регистрирав имаше една македонска партија „Обединета еМакедонија“ и сите бевме таму. Подоцна некои играчи ја превземаа бугарската партија (нели спомнав дека сакаа да ја украдат власта) и тоа беше втората партија којашто имаше неколку членови. Истотака се создадоа и две нови партии. Пред изборите имаше жестоки кавги меѓу опозицијата и власта. Се караа секаде, на чет, преку статии, преку шаути - буквално секаде. Разочаран сум што сега кога се пуштив видов дека македонциве сеуште се караат за глупости. Прва статија што ја отворив беше тоа како некои играчи се караат околу штетата и за медалот. Сметам дека тоа е голем фејл и за тој што ја напишал статијата и за другиот играч. ВАКВИТЕ КАВГИ ТРЕБА ДА ПРЕСТАНАТ, ТРЕБА ДА СЕ ДРЖИМЕ ЗАЕДНО, А НЕ ДА СЕ КАРАМЕ!!!
Е сеа да не забегам од темава, тогаш драги мој еМакедонци еден голд беше 29 денари и секоја држава си имаше различна вредност на валутата. Со 2-3 дена работа се земаше еден голд. Сепак се беше поскапо тогаш, и не можеше како сега по 200 лебови дневно да купуваш. Абе цела плата и пак немаш доволно леб, ама можеше да се конзумира додека имаш, немаше вакво временско ограничување, ни чоколади.
Туку ај да не ве замарам со вакви работи и да кажам некој збор за мене. Јас бев еден од појаките играчи во Македонија бев 20 и некој левел и имав над 2000 сила. Во тоа време најјаките играчи беа негде околу 27 левел и 2000 сила беше многу. Истотака бев и еден од најактивните играчи. Арно ама пуштив профил од еден друг играч на мојот компјутер (он правел некој малверзации со профилот) и утредента гледам перманентен бан за мулти акаунти. Акаунтот го играв долго време, а изедов бан,затоа и не направив нов туку престанав со играње. Завчера доаѓам дома и го гледам брат ми игра еРепублик, го направил акаунтов. Па така после 2 години решив пак да ја играм играва. Ја разбирам целата игра како функционира, па се надевам дека ќе ме „примите“ во некоја партија и ќе ми дозволите да бидам барем во конгресот иако сум слаб левел.

Планирав да напишам некој краток текст ама ете излезе цел реферат и рацеве ми паднаа од пишувње, затоа ќе ве молам ако сакате да удрите едно vote и subscribe 😛
ПС: Не ви требаат слики.

Фала многу на тие што потрошија дел од своето драгоцено време за да ја прочитаат мојата статија.
Поздрав и се најдобро!