Петто Претседателско обраќање - Храбра Македонија - Vssa87

Day 2,527, 16:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво еМакедонци.


Најпрвин да се заблагодарам на сите денеска кој храбро се бореа во ослободувањето на Источна Македонија од нашите јужни соседи. Иако изгубивме нашата борба продолжува похрабро и со нови сили во наредното востание, значи откажување нема без разлика што овој месец остануваме пак без конгрес али нашата борба продолжува без прекин.

Зашто ја изгубивме битката за ослободување на Источна Македонија има голем број на причини кој можем да ги набројам:

Денеска кога се крена востанието нашиот админ Плато ни одмага многу со проблемите со серверот, и воедно им помогна на јужните соседи во поени наместо да ни даде нас пет поени за победа во дивизија четири рундата заврши по истекот на два часа и имавмо повеќе поени освоени на нив тој им ги даде на нив а во посед имаа они, а истото правило не важеше за дивизија еден кога имавмо ние помалку поени во дивизија еден а во посед бевмо ние тогаш се смени правилото и пак добија поен они. Ова може да се види на следнава слика

Зашто востанието беше кренато толку рано во 11:30 часот, за тоа сме самите криви затоа што во претходното востание беше побарано да се освојаат поени ако биде кренато во 15:30 али на тоа никој не мислеше тогаш секој се чуваше за овој неделен турнир и поради тоа доведе да се крене востанието толку рано.


Пред два дена беа пишани извици за кревање на востанието во Саудиска арабија и Египет, пак голем број на играчи не обрнаат внимание на тоа, со самото кревање на востание во тие држави што порано ќе можевмо да освоиме повеќе поени во нашето востание во Западна Македонија кое беше покренато од страна на нашите јужни соседи. Значи секое востание кое во наша корист подржетего со тоа помагате на цела Македонија а не само на одредени играчи и сигурно не ви се тие 1000 мкд толку важни отколку важно да бидемо ослободени и да победиме во нашите битки. Секој кој е во можност да подржува востание нека го прави тоа, ако не е во можност помогнете на некој друг да го подржи востанието, немојте со некоја идеја ај зашто ја да подржим ова востание кога може друг, зашто ја да потрошим 1000 мкд кога може друг со тоа не си помагате на самиот себе туку си отежнувате на самиот себе и не само на самиот туку и на други играчи, значи со вашето не подржување отежнувате на сите играчи на еМакедонија.

Имаше идеја за донирање на мкд во воената единица Macedonian Army, секој играч да донира по 1000 мкд директно во единица али таа идеја не беше прифатена од голем број играчи кој се собраа скромни 50 000 мкд, таа имаше четири пати повеќе сигурно ќе ни беа шансите поголеми за победа. За денешните битки нашите јужни соседи потрошија 1 000 000 мкд односно 1/5 од мојата претпоставка за донирање на играчи. Исто така не беше прифатено само да се донира во една воена единица почнавте да има поделби да се донирало во секоја единица посебно со тоа ништо не постигнавмо, значи треба да бидеме сложни сите во едно нешто и организирани а не да има некакви поделби, се додека има поделби и нема слога никогаш нема да имаме напредок. Верувам дека тие 1000 мкд за 100-200 играчи не беа проблем кој на своите профили имаат по неколку стотици голд а некои и повеќе. Со тој голд што го имате на својот профил само се зајакнувате самите а ништо не добивате за сите играчи од еМакедонија. Јас мислам подобро и поубаво ќе биде ако бидемо јаки сите играчи како држава, наместо да биде само еден играч јак а другите да бидаат слаби. Сепак тој виртуелен голд ништо не добивате со него ако сме слаби како целина.

Секој треба да пука каде што треба и каде што има потреба, а не да бркате медали кој ќе ви донесаат само пет голд а со тоа нема никаква корист другите играчи. Значи каде што е потребни и кога ќе биде потребно таму да се пука, а не во некоја не важна битка само пукај и земи си медал и добиј пет голд.

Треба да бидеме сите организирани и сложни, секој во своите можности да биде активен. Не се бара од вас секој ден да бидете онлине по 24 часа на играва, туку кога е потребно ако сте во можност бидите онлине кога ќе добиете известување да сте онлине во тој одреден период од денот.

Борбата не ја прекинуваме , продолжуваме со нови сили и нови напори до целосно ослободување на нашата мила и драга еМакедонија и идеме во понатамошни цели. Иако останавме без конгрес нема прекин, продолжуваме со исто темпо само храбро и организирано и сложно само така ќе бидеме похрабри појаки и посилни.

Голема благодарност до нашите сојузници Бугарија; Мексико и Ирска кој помагнаа со нивните напади над нашите јужни соседи се со цел да дојде до ослободување на еМакедонија. Исто така се заблогадарам на сите наши сојузници кој пукаат во нашето востание и во битките на Бугарија, Мексико и Ирска.