ВИЦОТЕКА vol.1 [AirScapeNo.1]

Day 2,704, 17:46 Published in Chile Serbia by AirScapeNo.1

Да се насмееме а и воедно да ми помогнете да ја завршам мисијата со коментари (1/3).. Ве молам за 25 коментари да не го гледам сликчето повеќе почна да ме нернвира.

Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:– Каде студираш?– Економски факултет.– Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.Го прашува вториот:– Tи што студираш?– Медицина.– Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.Го прашува и третиот:– Ти што студираш?– Електро.– Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.

Двајца студенти од Факултет за физичка култура се возат во градски автобус. Покрај автобусот на тротоарот гледаат како трча еден нивни колега од факултет. Едниот студент му вика на другиот:
– Види го бе, има научено.

Маж чита весник и ѝ вели на жена си:
– Знаеш што пишува тука!? Дека мажите во просек изговараат околу 2200 збора дневно, а жените 4400!
А жената рамнодушно му враќа:
– Тоа е така затоа што секогаш мора сè да ви се повторува по два пати.
Мажот:
– Што?

Превземено: www.studentify.mk
п.с Ќе го стасувам Персеј со број на вицови.. 😛

SHOUT: ВИЦОТЕКА vol.1 [AirScapeNo.1]
http://www.erepublik.com/en/article/-2015-1-2516920/1/20