Интервју со tomibair

Day 1,677, 05:42 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Уште едно интервју во низата без надреални гласови и коментари 🙂
денес гостин ни е контроверзниот tomibair

Стана популарен со видеата што ги правеше против грците, зошто престана ?
tomibair:Ххехе правев видеа да, од почеток кога сите не држеше некоја еуфорија за играва, т.е. кога уште немавме продрено во глупоста на истата, почетните војни со Грците. Времето порано во играва и времето сега е многу променато, на крај краева направив толку многу видеа што не остана грчки играч, за кој што немам напрвено хехе. ШТО ДА ПРАВАМ ВЕЌЕ??

Последниов период се занимаваш со статии кои се таргетирани за одредени играчи од каде црпеш инспирација за пишување и дали ти стигаат различни пораки во врска со нив ?
tomibair:Знам на кој асоцираш во врска со таргетот. Хехехе.. па ко ќе немаш инспирација за да напишиш нешто квалитетно,а ти е по се досадно.. најлесно е да одбериш некоја лесен ТАРГЕТ. Најчесто се мајтапам, али лошо е сватено тоа. Искрено се каам за тоа, нема веќе да се повтори, на крај краева греота е, уште тоа му фали на ТАРГЕТОТ. Ги оставам без критика царевите, нека го држат маусот во десната тастатурата во левата, и нека царуваат во своето замислено ЕРЕПАБЛИК ЦАРСТВО???? Пораки ми стигаат од време на време од некои 10 годишни прогеј дечиња на кој ТАРГЕТОТ им е идол хехе.

Повеќе претпочиташ да кажеш се во лице одколку да си лицемер ?
tomibair:Искрено сум чоек шо многу збора. Како некоја сваќа сум, не можам да не зборам, па како и во реалноста и тука не можам да се воздржам. Некои работи се кажуваат влице некои не, претпочитам да ги кажувам влице, освен ако чупето шо го сакам ми е другарка, и се плашам да не ја изгубам ако и кажам хахаха Како и да е понекогаш треба да си поќутиш, не е се за влице да го кажиш, а ако лицемеието ти носи некоја корист, КОРИСТИ ГО!

Одкако си без влакна на јазикот, дали често наидуваш на профили од играчи и гледаш дека те отстраниле од пријатели ?
tomibair:Хехехехе.. па да. Тука има многу партиски реал лајф стоки, мислам деца шо пропагираат политика од вистинскиот живот, на кои се палат деца што ништо не разбираат. Па многу често кога го тупат , ќе напишам нешто контра, некоја статија испровоциран, па толку многу се напрегаат и палат, и сакат да го одбранат својот ЛИДЕР од вистинскиот живот, шо ме гледаат како крвен непријател, па ме бришат да. Толку многу имам да напишам за таквите, шо за инает нема да напишам ништо хехе.

Зошто почна, но многу кратко траеше твоето, ако може да се рече провоцирање на панзерите, што те спречи ?
tomibair :Епа вака сега. Одделни панцери, значи не сите, одделни, еве тука сум веќе една година, и таква некултура, такви селани тешки, јас немам видено. Значи на се шо ќе напишев ми одеа контра, провоцираа, се правеа паметни, има неколку души од таму шо се толку клети расипани копили, егоистички расипани малокуриња шо ради нив ОПШТО ЦЕЛА ЕДИНИЦА панцер ја замразив. Исто има и добри дечки, од таму . Како и да е 90 посто се зафркавав, и не беше нешто кизнај какво замарањее со нив, па во армакедон сум и должноста на крај краева ми налага.

Зошто не се мешаш во политика ?
tomibair :Го имам ова дискутирано и порано, пошто едно другарче ми правеше интервју и тогаш. Па ради немање нерви, да си чукам глата за виртуелна политика, па не дај боже претседател ќе те изберат, на болница ќе завршам. Има тука ЦАРЕВИ, па нека царуваат. Мислам видиго само ЛАЗАРОСА. Според мене најкул, нај опуштен а и мн интелегентен играч, и пред се СКРОМЕН и спуштен на земја. Зошто не се меша во политика? И во вистинскиот живот сум стварнооо голем познавач на политика наша и глобална, али не сум во партија. ГО МРАЗАМ ТО СРАЊЕ ЕДНОСТАВНО.

Како треба да функционира еДражавата на политички и воен план ?
tomibair:Како шо функционира и денес. Мислам дека се што прави е светот и другите држави го правиме и ние, па дури и сме многу подобри од некои постари држави. Имам забелешка само, на она дека старите играчи не му одстапуваат место на некои помлади. Во овие неколку иљади играчи, мора да има некој попаметен , помаж од овие шо се вртат постојано во круг, шо ќе внеси некоја новост, промена, нова идеја. Мислам дека стварно ни се здосаде играва, па веќе ја нема ни онаа тензија политичка, секој ја свате логиката на играта, па си вели ШО ЌЕ БИДИ НЕКА БИДИ ШО ГИ ЕБАМ, ЌЕ СЕ ЗАМАРАМ.

Зошто играш еРепаблик ?
tomibair:Најдоброто прашање до сега. Не зошто почнав да играм, то сите го знаеме зошто почнавме. Али она посуштинското и по психолошкото ЗОШТО СЕУШТЕ ИГРАМЕ. Хехе епа искрено се враќам назад 1 година и сите денови кога сум тренирал, сум се карал, сум се замарал за ова глупост, сум бил мн слаб, па сеа кога накренав малку повеќе сила, ко 10000 на пример, од инат за сето тоа време додека да стигнам овде, не ми се остава бе баткаааа баш сеа. Убо ми е на душа ко ќе се видам томибаир 38000 инфлуенс, а од другата страна слаби грчиња. Искрено играм ради тоа 90 посто, а 10 посто пошто е убо место да не мислиш на вистинскиот живот и проблемите, тро да избегаш тука ХАА ХУУ !

Кој е tomibair во реалноста и кажи ни какво значење има името ?
tomibair:Томибаир во реалноста е дете во години. 24 годишен УБАФ МАЖ, шо пиши со десна рака, и не пие вода од чешма, шо е растен на улица, во едно генгста мало, кајшо и најакиот маж не можи да се прај маж, чоек со детство, спомени, срце скршено и закрпено, уништен од жените, уметник со недостижна амбиција, мотор кој кочи на угорница, се на се дете под големо влијание на америчките филмови, кое верува во хепи ендиннг и дека се ќе се среди еден ден.

Каде на одмор ?
tomibair:ЦЕЛА БИТОЛА ВЕЖБА ВТЕРЕТАНИ ЗА 10 ДЕНА ПРЕТОР. Хехехе. Па секое лето правам по 20 мини одмори, по неколку дена, тука е Охрид гарант, ппреспа од бт е 30 км пами е секојдневие, долгиот одмор сакам да ми биди Бугарија, КОЈ БИЛ ЗНАЕ ЗОШТО ???? И да да ќе забораев имам желба да одам Дојран исто, то е место шо има посебно значење за мене, таму одам од мојта 5 година до мојта 18 та секое лето. 6 години не сум бил ..златно чупе таму оставив на пусти скопјани.

Филм, Музика и Хоби ?
tomibair:Филм батуле научна фантастика, исклучиво. Можам да речам дека сум ФРИК по научна фантастика, паранормални срања, и слично. Како атеист многу се интересирам за овие срања, па секој авион на вечер на небото ми се декодира како НЛО во главата. Исто сакам некој реален филм кајшо лошото победва, не доброто, па затоа е и реален. Музика, слушам се што е квалитетно, мразам еднонасочни луѓе шо слушаат само едно срање, и гледаат со омраза кон другото. Овај период сум фрлен на така лабаво реге, и претпочитам некои хитчиња преработени во реге верзија, чисто да си возуркам и да си крчорам. Хоби. Епа порано играв кошарка, сеа се бериме си играме во мозокот.

Порака до читателите ?
tomibair:Толку сте глупи шо седите над телевизор и се пулите во каучот крчоретеси крчарајќи, возуркајтеси, жубуркајтеси хехехех !

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со tomibair
http://www.erepublik.com/en/article/-tomibair-2066458/1/20

Контроверзно Интервју
http://www.erepublik.com/en/article/-tomibair-2066458/1/20