Новогодишно Интервју со TashaMKD

Day 1,863, 11:11 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia


Од каде дозна за играва и кој беше првиот твој впечаток и зошто си сеуште тука ?
TashaMKD:Брат ми ја играше играва кога ја видов прв пат. Беше нешто безвезно кликање неколку пати дневно и состаноци во АЛФИ во 21:00h. Интересното беше кога правеше частови. Уште тогаш правење частовки каде
делеше и над 120.000 мкд во вечер. Беше полн мултиња 😁))))) Откако го банираа со оригиналиот акаунт продолжи со Multash Borg нели 😁)) Ми отвори тогаш и мене акаунт колку да му работам гага по еднаш дневно во фирмата, но се навлеков. За жал веќе не ја игра играва, сега прави мултија на друга игра, каде не се забранети 😁))


За кратко време стана позната или да се изразам подобро се проби во овој еСвет на што се должи тоа ?
TashaMKD:На бебињата и на поделбите. Гледав секогаш колку што можам да помогнам. Бебиња со полни мешиња и ќе те сакаат долго време.

Конгресменка, Министерка и Претседателка што е следно 🙂, ти оди добро политиката по се изгледа, што е пресудно за да се биде добар еПолитичар ?
TashaMKD:Добар политичар значи да си искрен. Без лажење и превари. Еднаш ако излажеш, народот памти, секогаш после ќе се памти тоа. Искрена желба да помогнеш на македонија и на е-граѓаните.

Која е причина што те натера да се кандидираш за Претседател ?
TashaMKD:Бебињата. Инсистираа. Не можев да ги одбијам, а мислам дека вака и доста им помагам.Особено со програмата за менторство што се покажа многу успешна.

Подолго време не сум прочитал кандидатура како твојата, со нови идеи по нивното читање си велам има надеж играва, одкако стана претседател до каде си со нивното остварување пред се мислам на идеата за посвојување бебе?
TashaMKD:Менторите работат, си имаат бебиња. Бебињата на менторите се со полни мешиња и секојдневно добивампораки со задоволство.Формиравме и министерство за правда, работеше 2 дена од заеднички акаунт, но бевме тролани. Се обративме до админите, но никоја од организациите нема весник за да го направиме министество. Така што тоа останува за понатаму.

Во повеќе мои интервјуа со претседатели, едно од нај поставуваните прашања беше како да се зголеми женската популација на играва, но по се изгледа било потребно да дојде девојка на власт за да се придвижат работите, имаш ли некои други идеи ?
TashaMKD:Па мојата главна идеа е јасна.. Стави не во власта, кога другите ќе видат дека во владата девојките се
рамноправни со момците, самите ќе дојдат. И мислам дека успева тоа.


Имаш ли долгорочен план за тоа каде треба да оди еМакедонија и што и е нај приоритетно ?
TashaMKD:Најприоритетно е обединувањето и помирувањето на македонците. Да заборавиме што било и да продолжименапред. Регрутирање на нови бебиња, но поважно е и задржување на постоечките. Министерствтото за правдатребаше да го насоќи тролањето. Наместо да се троламе меѓусебно, требаше да не организира да троламегејци. Со меѓусебното тролање губиме наши играчи што е лошо.

Ќе одиш на втор мандат ?
TashaMKD: Јок. Доволно е еден. Видов како е. Ненаспана сум, уморна. Следно е пензија и апанажа. 😁))))) Можеби
некогаш во конгрес или влада, претседател не. Се разбира следните претседатели ќе ја имаат мојата
подршка.

Какво значење има твоето име ?
TashaMKD: Моето име е кратенка од моето вистинско име. Се сеќавате на Tasha Yar од TNG? Таму прв пат го видов..па дојде TashaMKD.

Која е TashaMKD кога ќе стисне Logout ?
TashaMKD: Наташа од Скопје, 31 година, вработена, среќно заљубена во BlackMK.

Каква музика слушаш ?
TashaMKD:Се слушам, освен металика.

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот ?
TashaMKD: Love me- Morandi.

Каде за Нова година ?
TashaMKD: Дома ... на Erepublik ќе има bazuka party 🙂

Што ќе им посакаш за нова година на читателите ?
TashaMKD:Многу среќа, љубов и здравје, без здравје нема ништо
Ве сака ТашаМКД.




Дедо Мразот е честитка од Tasha 🙂

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Новогодишно Интервју со TashaMKD
http://www.erepublik.com/en/article/-tashamkd-2182705/1/20