Прво претседателско обраќање [StrvleMKD]

Day 2,209, 16:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Добра ви вечер Македонки и Македонци!

Пред се да ви се заблагодарам што гласавте за мене и што ми пруживте шанса да сторам нешто за нашата татковина како нејзин претседател. На тие што се одлучија својот глас да го дадат за мене, сакам да им кажам дека не згрешиле. Ќе дадам се од себе да ја изведам Македонија на прав пат.

Веќе започнавме со активности, ќе се обидеме да склучиме што е можно повеќе МПП, да поработиме на надворешната политика и да го поправиме тоа што некои пред нас го расипаа.

„Интересно“ е што банката е поприлично празна и во организациите нема пари, па со оглед на тоа не очекувајте чуда. Нема пари ниту за поделба на леб, но ќе се потрудиме сето тоа да го решиме во најбрз можен рок. Нема откажување, ме избравте за лидер и заедно ќе се извлечеме од оваа криза.

За сите подетални информации околу случувањата од било кое поле, ќе бидете благовремено известени.

За крај, сакам да му се заблагодарам и на Хобан за тоа што го стори, голем чекор од голем човек.
Сега за сега имам толку да кажам, штета што не можам да ве порадувам со нешто повеќе. Но имаме време, ќе се покажеме во право светло.



Останете ми со здравје!
StrvleMKD