[sarmetina] Карма

Day 2,239, 17:51 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina

Неодамна и кажав збогум на играва. Акаунтов го игра друг играч, а јас, ете така од време на време користам прилика за да видам што се случува...

Добро, катастрофа и не е некој збор кој може да ја опише ситуацијата, но тоа е... нема што да се каже...

Работите полека си доаѓаат на место. Имаше еден период на еуфорија околу играва и за очекување беше дека ќе помине. Сега, кога таа еуфорија спласна, нереално е да очекуваме да бидеме светска сила и да се носиме со земји кои во РЖ имаат и по 5 пати повеќе жители од нас. Се разбира, тука пред се мислам на земјите од регионот, кај кои најмногу е изразена националната фрустрација.

Дополнителен проблем за нас е што ние не сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Некогаш и јас мислев дека ние сме национално најисфрустрирана држава во блиското опкружување па поради тоа можно е долг период да се држиме како една од најјаките земји тука. Но не било така. Коефициентот на фрустрација е особено голем кај соседите, а тоа, колку што е лош податок за на еРепублик, толку и ме радува како инфромација во реалниот живот.

Да не го тупам со филозофија и да не ви го губам времето, муабетот ми е дека не треа да очекуваме дека со војна можеме да направиме нешто повеќе од 2 дена слободен регион. Фактот дека сме во послабиот сојуз (Ако тоа може да се нарече сојуз) не треба да ни биде оправдување, бидејќи нашата политика не смести таму. Се разбира дека кога бележите слаби резултати и оние играчи кои ги имате се пакуваат и се селат или пак (како јас) го „бесат маусот“ на шајка.

Затоа, потребена е промена во ставот кој го имаме... потребна ни е нова политика, некој нов начин да придобиеме нови сојуници... Во спротивно, мислам дека наредниот Божиќ ќе го дочекаме во држава која ќе биде раководена од немакедонци, а оние малкуте што ќе останат, ќе играат под друго знаме...

На крајот, се некако ни се поклопува со реалниот живот... ЈБГ, таква ни е кармата 🙂
Останувам да Ве следам, да се логирам бар еднаш неделно.


Ви посакувам среќни празници. Нека е честит Божиќ и Христос се роди !!


ПС
Хомоесксуалциве можат да ме викнат на кошарка... на телефон сум достапен 🙂 🙂 🙂