[SaJrUs] ***Востание во Liguria се враќа*** Претседателско обраќање

Day 1,782, 19:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Браќа и Сестри Македонци,




Денес имавме напоред ден,ваков напорен ден не сум имал и во реалниот живот. Уште пред почнувањето на мандатот морав да направам се за да ја добиеме битката за Апулија. Цел ден ми помина по во координирање и барање решение како да се победи битката, дури немав време ни статија да напишам, многу што ми честитаа неможев соодветно да им заблагодарам.
Храбро се боревме против цел ЕДЕН и ЦТРЛ иако немаме сојуз, иако немаме никој позади нас да стои и да ни го штити грбот, иако ја изгубивме битката ние сепак покажавме дека не се даваме лесно и храбро се боревме. На сите им покажавме што значи тоа жесток отпор, не можеа да не победат иако пола е-свет се обедини да мава против нас. Треба да сме горди што во исто време им даваме отпор и на цел ЕДЕН и на цел ЦТРЛ. Ние сме единствена земја во историјата на ерепублик која успеала во исто време да војува против двата најмоќн сојузи во е-светот.

Благодарам на сите сојузници кои учествуваат во битката и кои помогнаа небитно на крајниот резултат иако секогаш е добро да се победи.


Нашата држава се наоѓа во тешка ситуација. Наследувам лоша економија со 4 ресурси, војна со ЕДЕН и ЦТРЛ и полупразна банка. Вo Народната Бнка има само 70 000 денари,+ донација што следува, а во државниот трезор нема пари. Овие пари не стигаат ни за 1 ден, и веќе се потрошени. Цел ден се делеа тенкови на каналот поделба, им дадовме тенкови на Чиле, тенкови за составување базуки, тенкови за плаќање единици. Само за пример колку пари се трошат: денес беа организирани и 2 удара и 2 востанија во Хрватска и Грција за да пренасочат дел од штетата таму. Секој кој дигна востание добија по 1200 МКД, а тоа се 12 000 МКД од востание, или 24 000 за 2те востанија. Само за пример: денеска на УДАР каналите воените единици добија 3721 тенкови, што е околу 90 000 денари. Само за Удар се потребни 90 000 денари! Парите за Удар сеуште не се исплатени.


Во последните неколку дена, дневно од даноци се собираат само 30 000 денари, што е најниска сума досега. Не можеме да организираме армија со толку малку пари. Не можеме да плаќаме платеници од други држави. Правиме се што е во наша моќ, ако сакате да успеем бидете сложни и следете наредби. На почеток не очекувајте дека секогаш ќе добивате тенкови од државата за да пукате затоа што моментално финансиската ситуација е лоша.
Ако некогаш не ви се поделат знајте дека тоа не е затоа што не сакаме, туку затоа што сме ограничени.

Мојот тим работи за изнаоѓање на начин како да ги решиме финансиските проблеми, и за тоа ќе бидете набрзо информирани.


Целиот мој тим напорно работи за решавање на тешката состојба дипломатски и воено. Не можам јавно да откријам што работиме бидејќи играчи од ЕДЕН и ЦТРЛ ја читаат статијата, но знајте дека работиме за доброто на Македонја. Го правиме тоа што е најдобро за оваа земја.


Македонија ќе направи неколку СТРАТЕГИСКИ ПОТЕЗИ со помош на Франција. Франција ќе не прогласи за Природен Непријател. Бидете спокојни, тоа е дел од нашата стратегија која не смеам да ја објавам во јавноста бидејќи статијата ја читаат и играчи од ЕДЕН и ЦТРЛ. Слушајте наредби и непукајте против Фрaнција.

Би ве замолил ако имате некој проблем да го адресирате до соодветното министерство прво, денес примив еднормно многу пораки и тоа ме попречува во работата и целите кои ми се зацртани.


Македонци, бидете единствени. Знајте дека некој мисли и планира за иднината на Македонија. Ние даваме се од себе за земја Македонија.





Останете силни и обединети

Да живее Македонија

Македонија над се




SaJrUs o/

***Востанието во Италија треба да се изгуби (игнорирај или пукај од страна на Италија) правиме тампон зона помеѓу нас и Америка***
!!!Чекаме напад од Албанија, преоритет за денес!!!