Бисери на мудроста [ Part 1 ]

Day 1,291, 04:41 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD
ЗА МЛАДОСТА
Младите не знаат што е старост , а старите забораваат што била младоста.
Ирска поговорка
Подобро е да се прокоцка својата младост , отколку ништо да не се направи со неа.
Жорж Куртелин
Силата и убавината се одлики на младоста , додека разумноста е цвет на староста.
Демокрит
Младоста е радост на животот ; радоста е вечна младост на духот.
Ниево
Додека си млад уживаш , а кога ќе станеш свесен за тоа , почнуваш да старееш.
Ренар
Деновите на нашата младост тоа се денови на нашиот сјај.
Бајрон
Мотивите на младите се вредни толку , колку и искуството на старите.
Кнор
Младоста е нешто што го имаат само младите , а што го ценат само старите.
Никле
Младоста предлага , староста одложува а средината извршува.
Кинеска поговорка
Како цвет како оган - така поминува нашата младост.
Латинска поговорка
Безгрижната рамнодушност е голем подарок и моќно оружје на младоста.
Иво Андриќ
Младите секогаш повеќе се восхитуваат на нешто грандиозно , отколку рационално .
Делакроа
Уште во младоста треба да го пресечеш стапот на кој че се потпираш во староста.
Конфучие
Би било добро кога младоста би знаела се што може , а староста би можела се што знае.
Бурманска поговорка

ЗА ВИСТИНАТА
Најдобар знак за вистина е едноставноста и јаснотијата , лагата секогаш е замрсена , наконтена и зборлива.
Толсој
Има вистини во кои не е добро да се верува .
Бомарше
Најгорчливата вистина е подобра од најслатката заблуда.
Бјелински
Вистината постои . Може да се измислува само лага.
Џорџ Брејк
Да се бара она што е вистинито не значи да се бара она што е пожелно.
Ками
Необично е најголемите вистини воопштено да бидат и наједноставни.
Цезар Канту
Нема зла вистина , но има зла реалност.
Јозеф Чапек
Неспорната вистина не бара никакви вкрасувања , таа е - едноставна.
Горки
Не е срцето , туку разумот - судија на вистината.
Херцен




Поздрав ... Вашиот
ORIGINAL MKD