[MoFA Macedonia] Завршно обраќање

Day 1,507, 14:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани еМакедонци
Прво и основно, би сакал да ви се заблагодарам на сите вас кои ја играте оваа игра, за незаборавните моменти кои секој ден кога се обраќав на сите пријатели и непријатели од странство ме правеа горд што ве застапувам вас и еМакедонија. Гордост и чест ми беше што лично дознав колку сме ценети како еДржава и народ воопшто од сите оние кои што ја играат оваа игра!
Би сакал да му се заблагодарам и на Претседателот на еМакедонија што ми ја довери оваа функција но и да искажам голема благодарност до PrincessEmily и AdmiralTrench кои ми помагаа во извршувањето на МоФа обврските,секој следен министер кој би соработувал со овие двајца ке разбере што е да имаш доверба во способни луѓе!

Во овие месец дена како министерство работевме и успеавме во сите оние задачи кои претседателот и ние како тим си ги ставивме како обврска за овозможување на поголема и подобра еМакедонија!
Пред да ги набројам сите успеси сакам да пишам еден неуспех кој како МоФа сеуште неможам да си го простам - тоа е ставањето на еМакедонците во црниот список за еСрпски државјанства. Навистина се трудев колку што е повеке можно да прекратам со оваа лудост која некои комуњари решија на своја рака без никаква координација со владата да го протуркаат за наша штета како еДржава. Имено конгресот не соработувајки со владата успеа да издејствува еМакедонецот никогаш повеке да не добие Српско државјанство, јас како МоФа пробував да ја убедам еСрпската влада дека тоа е само момент на лудило спроведен од неколку комуњари и во првите 15 дена успеав да ја ставам во мирување нивната казна спрема еМакедонците, но откако мислењето на еМакедонскиот конгрес не се смени ни во следниот мандат тие веке решија и го ставија во сила и нивниот проект на црна листа за еМакедонецот.
Како, зошто, не е важно, пробував да објаснам и да образложам зошто ова лудило од пријатели неколку земји од ОНЕ ги направи да имаат непријателско расположение, но и сами знаете дека комуњари како комуњари несакаат да се договорат со останатите туку спроведуваат тоа што тие намислиле дека е добро за нив нормално не размислувајки за другите околу себе!
Се надевам следниот МоФа нема да застане по ова прашање и ќе овозможи сите ние пријателски да ја играме оваа игра!!!

Да се навратам на убавите работи,на сонот наречен МАКЕДОНИЈА до ИНДИЈА - иако на почетокот од мандатот бев само дел од МОД тимот, откако се префрлив како МоФа почнав интензивно и заедно со нашиот Претседател да разговарам прво со ОНЕ како сојуз да застане зад нашата одлука и да дозволи Индија да стане еМакедонска земја. Имаше многу негодувања и нормално имаше земји кои несакаа да ја видат еМакедонија во еИндија но ние успеавме сите пречки да ги отстраниме во невидено брзо време. Имавме согласност од сите ОНЕ земји за патување до Индија,сите се согласија да дадат бесплатен пат за еМакедонија до Индија,сите освен Иран!
Иран сакаше територии,сакаше ресурси и нормално сакаше да го наплати нашиот премин преку нивната земја. Ние како еМакедонци не дозволивме да станеме предмет на уцена и по неколку неуспешни убедувања и еИран се согласи на преминот преку нивната територија.
еИран бираше помеѓу ценкање и пријателство, нивната одлука за која што сме вечно благодарни беше да се задржи доброто пријателство помеѓу еМакедонија и еИран.Се беше спремно и работите се чинеа од лесно полесно но сите сме сведоци на моментот кога еТурција премина на страната на тЕден, од пријатели тие решија да станат непријатели на еМакедонија!
Иако договорени со еПакистанската влада за премин бевме сведоци на Турското тенкање против еМакедонија и моментот кога еМакедонија застана во проектот наречен Македонија до Индија! Во тие денови цел ОНЕ беше расфрлан по бојните полиња низ еСветот - но не застанавме тука - во договор со видни личности од ОНЕ и неколку пријателски држави како Индонезија, Кореја пак пробавме да направиме пробив, но и тој пробив беше сопрен.
Сакам за ова да се заблагодарам на секој член кој деноноќно работеше оваа тешка мисија да стигне до каде што стигна,за овој успех кој еМакедонија го постигна беше пресудно сите да функционираме како едно, чест ми е што бев дел од еден ваков владин тим кој знаеше секое деталче да го испланира до најситно.

По стопирањето на еМакедонија во планот за Индија ние не застанавме тука - потпишани беа неколку МПП со пријателски земји, спречени беа Турците со нивното тролање во познатиот Утка стил за Аргентинскиот викенд и уште неколку слични случки! Подоцна сите ги знаете резултатите од нашите макотрпни, но сепак безуспешни преговори. еТурција сама го избра својот пат, оставајќи не нас на другата страна на бојното поле. Вчера почна нашето соочување како непријатели. Тоа што ни преостанува како Македонци е да докажеме дека еМакедонија е подобро да ја имаат како пријател, а не како противник. Не очекуваат тешки денови. На следните водачи на ова министерство му оставаме работа во која беше вложен максимален труд, и покрај околностите во кои се најдовме.

На наредниот тим за Надворешни Работи на еМакедонија му посакувам успешна работа и се најдобро во следниот месец.



Со почит,
Министерство за Надворешни работи на еМакедонија