[MoFA Macedonia] Актуелности

Day 1,483, 13:31 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани Македонци

Добровечер! Моментите кои изминаа вечерва вредат да се запаметат! После подолго време имаме позитивна еуфорија и повеќе од 300 еМакедонци се собраа на еден канал! Се одлучуваше за иднината на нашата најубава татковина, нашата еМакедонија! Сите знаеме дека за одење во нови походи треба решителност и храброст! Тоа го имаме ние, Македонците, тоа го носиме во себе наследено од нашите предци, кои не се двоумеле дали можат да остварат некоја зацртана цел. Не, тие го правеле тоа! Тоа го можеме и ние, потомците на Александар! Имаме потенцијал, имаме сила, имаме можност да им покажеме на сите дека на еМакедонија не може ништо да и застане на патот кон градењето на огромна еИмперија надвор од границите на Балканот!

еМакедонија поседува не само сила, туку и голем дипломатски потенцијал, спријателувајќи се со повеќе силни држави во е-светот и членувајќи во најсилниот сојуз, алијансата ОНЕ. Со помош на нашите сојузници можеме да постигнеме се! Како што вели нашиот еПретседател, ништо не е невозможно! Ние не сонуваме, ние можеме да го направиме тоа, бидејќи еМакедонија не е земја која не ги знае своите вистински можности...!
Нешто што сите треба да го сфатиме е дека еМакедонија е силна држава. Факт е дека сме имале и падови и успеси, во секоја игра има победници и победени, но еМакедонија секогаш можела да го преброди минатото и да продолжи понатаму, претопувајќи го секој неуспех во искуство, излегувајќи со гордост и без страв, спремни за нови предизвици.
Да се обединиме и да пробаме нешто ново! Немаме што да изгубиме! Не бришеа, па се враќавме посилни од никогаш. Сега е нашата шанса, ајде да им покажеме на сите која е еМакедонија! Сите сме овде за неа, да покажеме дека си ја сакаме татковината!
Можеме да оствариме се што сакаме. Народот е овде, сојузниците се со нас. Да го направиме првиот чекор, смели еМакедонци!

Во врската со случувањата со Турција, за жал, спроти нашите очекувања изгледа дека нашите долгогодишни сојузници потпаднаа под целосна ИнџИ пропаганда, па така повеќе ги интересираше Кипар отколку нашите проблеми и преговори. Сепак тоа го покажаа онака како што умеат во Инџи стил, борејќи се против нас на островот. Тоа е само увертира кон она што допрва ќе се случува со нив. Сепак со ваквите постапки, за жал, сами не оттргнуваат од себе.

Во изминатиот период МофА тимот заедно со други министри, заменици и помошници водеше активна дипломатска кампања со цел остварување на нашата цел, одење по стапките на нашите предци. Иако во текот на преговорите иако постоеше мала доза на песимизам од страна на нашите сојузници, сепак на крај успеавме да ги мотивираме и нив да ни се приклучат во походот и заедно да ги споделуваме новите предизвици. Сепак ова е игра и понекогаш мора да се ризикува за да се добие. Значи спремни и решителни одиме заедно, без разлика на се. Тоа е она што ни треба, Оптимизам и Ренесанса за нова преродба на Македонија.
Македонија до Индија !!!!!!





Со почит
BlackMK
Princess Emily
Министерство за Надворешни работи на Република еМакедонија