[MOD][LAVCAN]

Day 1,399, 02:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Здраво Македонијо!!!

Сакам да објаснам за вчерашниот ден. Рефунд нема да има....

Губевме 6-0 од Грција. Одлучив како МОД, еднаш да пресечам и наместо секојдневното делење на рефунд на првите 20 паравоени, сите пари да ги искористам за купување на тенкови и да ги поделам на активните играчи. Сакав да пробам дали нешто ќе се смени. Беа купени 1270 тенкови, беа собрани на #udri, над 140 души и беа поделени на секој по 9 тенкови. Ова беше кажано и на Генералштаб, никој не се бунеше, напротив, сите веднаш почнаа да доаѓаат на каналот за поделба на тенкови...
Изгубивме 8-0. Заклучок, грешка...Зошто?

Неможи да се поделат над 1200 тенкови и да не се добие ни една битка. Значи нема никаква дисциплина. Војниците зедоја тенкови и како и секогаш почнаа да испаруваат сите.

Ваков начин беше разговаран уште пред да стане Дон Тас претседател. Од некои од Вас беше побарано да пробаме вака, да нема рефунд, туку само да се поделат тенкови на активни играчи. Се обидов, но како што гледате неможи ништо да се смени. Едноставно неможиш некого да натераш на 75% зид да помага на сојузниците, а кога губиме активно да ја брани Македонија. Кај нас е се однопаку. Читам 1000 шаути, како полно војници од паравоени имаат веќе освоено Mercenary медали...Тоа е тоа.

Мојата грешка е што без консултација со претседателот се одлучив на ваков чекор. Сметав дека нема време, сакав побрзо да се дејствува. Целата одговорност ја прифаќам и јавно кажувам, ако биде побарана оставка од мене поради ваквиот чекор, одма ќе биде прифатена од моја страна!

Чувствував дека ја имав довербата од Вас сите. Уште сметам дека воопшто не погрешив, уште сметам дека не е грешка да се обидеш да ја браниш татковината на секој можен начин. Јас лично до сега никогаш не сум се откажал од ништо нема ни сега! Едноставно, се обидов да сменам нешто, видов дека неможи ни вака, од денес пак се вака стариот начин на делење на рефунд.