Интервју со MinaMkd креаторот на МРДЉС

Day 1,387, 04:33 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Иако женската популација е многу мала на оваа игра,но постојано како што истражувам или поточно кажано барам играчи за интервју така доаѓам до повеќе информации дека еДевојките се малку но се дел од нај битните сегменти во играва денес на разговор имаме токму такава девојка MinaMkd

Од каде ја доби идеата за формирање на партија ?
MinaMkd :Ќе се обидам во кратки црти да раскажам:
На сите КОГА ни беше убаво а сепак досадно (Додека ги држевме под ропство грците и италијаните) се здобив со идеја да направиме партија, сепак како обичен граѓанин неможиш многу да смениш не дека не ни беше убаво.. но во Chaos имаше закон политика НЕ, иако сите се добри квалитетни играчи и стратези, економисти итн итн.. И јас по женска линија се договорив со КејтМ да организираме нешто и почнавме да ги убедуваме сите добив добри совети од Ast69 (89) и од Don Tas. Сепак единствена цел беше да си ја направиме играта поинтересна за нас, речиси по цел ден на еРеп.И зошто да не направиме нешто добро за еМакедонија.. после успешна политичка мисија во Србија се вративме и се основа партијата МРДЉС на чело со КејтМ.


Што значи името МРДЉС ?
MinaMkd : Сакавме партијата да нема име од реалниот политички живот, но името да кажува дека ние ќе сме тука 24/7 за еМакедонија и да биде интересно.. и имаше повеќе интересни предлози од кој Мафија Ради Док Људи Спавају,а кум е MikiArhangel и се одлучивме за тоа име.. кои сега сите го сакаат и работат баш 24/7 за добро на партијата и еДржавата. Некои мислеја дека е србоманска партија, друго мафијашка ќе крадиме но тоа значи дека партијата ќе работи и додека вие спиете мили мои за вас 😉


Дали се надеваше дека МРДЉС ќе стане нај моќна партија и како ја гледаш во иднина партијата ?
MinaMkd :Не се надевав, бев сигурна во квалитетот на момците и мачките од Chaos .. секоја партија, игра, паравоена ако има цел има и успех.. постојат личности на кој им ги кажував плановите од самиот почеток уште во мандатот на КејтМ им кажав дека на третиот месец ќе имаме Претседател. И Победивме како што даде господ(Лавчан) така и зеде(хехех). За во иднина што ќе даде господ. Сега партијата е на чело на државата па понатаму народот нека суди како до сега.

Кој се може да биде претседател на партија или пак конгресмен или кандидат за претседател на еМакедонија ?
MinaMkd :Па на неколку наврати Бобан Митровски сегашниот лидер на партијата објасни дека ова е партија на нови сили.. партија да им даде можност на оние кои играат повеќе од 5-6 месеци па и од година дена што не добиле можност а се способни за конгрес, претседател на држава, министри и слично, а за претседател на партија ако сама јас се прашувам би го оставила Бобан да скапи(хахаха) на таа функција бидејќи одлично ја води партијата и не би била ова што е ако не беше тој.

Дали имаш политички амбиции за во иднина за конгресмен или претседател ?
MinaMkd :Па размислувам наредните избори за конгрес сепак се е прашање на слободно време.. Сега сум министерка за образование сепак 2 лубеници под една мишка не иде.. за претседателка тоа е голема обврска и треба 24 часа работа на ден а за сега тоа го немам јас во можност.

Што мислиш за другите политички партии ?
MinaMkd :Па нема јас што да му ја мислам оние нека му ја мислат(хахха), Дојдете во МРДЉС заедно сме посилни !!!

Што ќе им порачаш на еМакедонците ?
MinaMkd :Македонци и Македонки ова пред се е САМО игра !!! Релаксирано и со ладна глава. Создавајте тука во виртуелна игра реални и вистински пријателства,, немојте да го правите спротивното.

Како може да се зголеми женската популација на играва,кое е твоето мислење зошто има малку девојки ?
MinaMkd :Па прво ќе напоменам дека тука има играчи што се преценуваат да не набројувам примери несакам, второ ако дојди девојка на еРеп објаснете и оделете 15 минутки од вашето време кажете и за Чатот, објаснете дека не е само фајт и ворк на играта дека пред се е дружбата. Тука мислам дека е најголемиот Кикс.

Oткако почна да играш па се до денес како би ја оценила,и што намногу те нервира во играва ?
MinaMkd :Играта е одлична но како и секои онлајн игрици админите гледаат да направат повеќе пари, многу ја сакам што ги поврзува луѓето и се дружат на секој можен начин. Ништо не ме нервира јас сум таква личност што нечија глупост ја претворам во шега.

Се соживуваш со играта ?
MinaMkd :Игра е пред се да се соживувам како војник неможам, да се соживувам како политичарка неможам но едно знам Дека и тука и во реалниот живот јас сум Македонка !!!

Доколку од утре не постои еРепаблик ,на што ќе се потсеќаш,кој моменти ти оставиле најголем впечаток ?
MinaMkd :Ако ја снема ерепаблик се надевам чатот ќе го има.. ќе ми недостигат Хаотичните и мачките. Најголем впечаток ќе ми остани кога за 24 часа од формирањето на МРДЉС собравме 250 члена и влеговме во последен момент на топ 3 за конгрес, и излегувањето Господово(Лавчаново) од партијата изгласан како претседател на еМакедонија во последните 45 минути од одбројувањето на гласовите 🙂


Како ти започнува еден еДен и по колку часа си на играва ?
MinaMkd :Секој ден ми започнува најубаво: ме разбудува ќеркичката , па утринско фамилијарно кафе. На ереп поминувам 8 работни часа и еден до два часа од домашна атмосвера.

Кажи ни нешто за тебе и од каде идеата за името ?
MinaMkd :Работам како оператор имам 26 години, се викам Јасмина и сум од Македонија од тука Името МинаМкд.

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот ?
MinaMkd 😕ady Gaga - Born This Way

Како и каде го помина летото ?
MinaMkd :Летото беше прекрасно бев Албанија и си поминав преубаво немам коментар.