[MЗО]Враќање на региони!

Day 1,498, 00:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Здраво Македонијо,

Како што сите знаете, еМакедонија имаше не баш кратка авантура од Балканскиот Полуостров, па се речиси до Индија, по наредба и раководство на нашиот еПретседател Душко Аврамовски. Но, United Arab Emirates, чии региони користевме со цел да се пробиеме до Индија и Кина, се под српско ПТО, и пред почнувањето на нашето патешествие беше договорено да се вратат после завршување на нивната улога за нас.
Затоа, за да ја реализираме нашата страна од договорот, утре ги враќаме регионите Abu Dhabi, Dubai, Ajman и Sharjan.
Покрај тоа што достоинствено ке ги вратиме регионите докажувајки дека сме пријатели а не окупатори, ние ке застанеме и во одбрана на еUAR - со затварање на регионот Хормозган Емиратите ги штитиме од Турски напад и во братски договор со граѓаните од UAE ние заедно ветивме дека ќе ги штитиме, и ќе спречиме непријателска окупација над нивните региони, што посебно се однесува на Хормозган.
Но да не забораваме дека Хормозган е регион на нашиот пријател и сојузник Иран и дека кога заедно со Оне ке успееме да ги избркаме турците од регионот овој нивен оригинален регион ке биде вратен веднаш на вистинските негови сопственици.
Им благодариме на еСрбите кои не поддржаа во експанзија на нашата територија. Да ја извршиме нашата задача сега, да ги вратиме регионите мирно и достоинствено. Сепак, ова е игра и дипломатијата игра многу голема улога во неа. Договорите треба да се почитуваат, не само во реалниот живот, туку и тука, со цел зачувување на донстоинството на една држава, но и балансот и хармонијата меѓу договорените земји.
Се надеваме дека враќањето на овие региони ќе се одвива по мирен пат и без никакви инциденти.
Ви благодариме на разбирањето.

Министер
DarkoDimovski1