Интервју со Претседателот krste83

Day 2,040, 11:35 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

За шеесетото интервју на еден начин и јубилејно ни гостува претседателот.

По три обида стана претседател, трета среќа како што би се рекло, кој се импресиите и дали е како што очекуваше претседателската функција ?
krste83: Прво да ја поздравам цела еМакедонска нација и да им се заблагодарам што на 5ти Јуни ми ја дадоа поддршката за претседател на еМакедонија. Па да трет пат се кандидирав и испадна трета среќа. Првиот пат беше по грешка не можеше да се промени претпоследниот ден па кандидатурата беше несериозна и цицлеста 🙂🙂🙂 Вториот пат CrashAndBurn ја доби поддршката од народот поради мојот лош избор за тим а третиов пат рано ја почнав кампањата и собрав доволно добри луѓе за да можам да одговорам на обврските заедно со нив. А функцијата е далеку потешка од она што очекував. Можат и читателите сами да заклучат.

Зошто се кандидираше од пртијата или здружението ТМРО или по ново СОЛУН, МАКЕДОНИЈА и која е предноста доколку би членувале еМакедонците во неа ?
krste83: ТМОРО или Солун, Македонија е здружение а не партија, тоа е огромната предност која ја има пред партиите. Не дели луѓе на припадност. Поделби прави на сите и секако дружењето е на високо ниво. Луѓето кои се во оваа организација се тука само затоа што знаат што значи да ја сакаш еМакедонија и да бидеш дел од нејзините успеси а богами и падови. Успехот е неминовен кога си чесен работен и секако посветен на играта. А нашите челенови се и повеќе од тоа. Затоа секој кој не сака партии а сака да биде дел од организација која работи за Македонија би го поканил да биде член на Солун, Македонија.

По кој критериуми го составуваше тимот од министри ?
krste83: Пред да го составам тимот испратив неколку анкети кои беа пополнувани од нашите играчи, А ги одбирав според желбата за игра, интересот за учество во одлуките и секако активноста на играва. Најактивните од оние кои сакаа да бидат дел ги исконтактирав и им предложив да бидат дел од тимот...некои прифатија а некои ме одбија сепак тука се за помош и оние кои одбија можеби не премногу често но секогаш помагаат. Тука морам и да ја изразам благодарноста кон тимот бидејќи оставија се и заедно со мене потрошија многу ненаспани саати во поделби и орханизација.

Најголем проблем ни се териториите има ли план за нивно враќање и дали еден од проблемите за враќање на териториите е и а тоа што могу играчи се откажаа ?
krste83: Проблемот со оригиналните територии и не е некој огромен. Тие територии се окупирани од јужните троседи а како и секое лето немаме доволно сили да можеме да им ги земеме. Секако дека откажувањето на многу важни играчи влијае на слабоста но Септември не е далеку...ќе бидеме јаки за брзо.

Дали ова е крајот на еМакедонската моќ и ќе стануваме се послаби и послаби и ова е еден начин на почетокот на крајот ?
krste83: Не е крајот на ништо еМакедонско..евентуално може да биде крајот на еРеп што ако нешто не се промени станува се поизвесен. Септември е тука секогаш пресвртите се тогаш.

Дали си задоволен од еМакедонската внатрешна политика пред се со конгресот постои ли соработка ?
krste83: Интерната соработка е одлична и конгресот е перфектен благодарение на конгресмените два пати изгласувавме иницијатива со напад над Турција бидејќи имаа побрзи прсти од нивните конгресмени.

Зошто не прави обиди твојот тим преку информативни сататии за да се мотивираат сите еМакедонци да се придружат во Македонската Армија, факт е дека ќе постојат уште многу натпреварувања меѓу единиците ?
krste83: Сеуште не се знае како ќе биде со армиите се спрема статија за армијата на ЦоТ сојузот па затоа чекаме нивна одлука како ќе се организира таа армија.

Како функционира и како е да се биде врховен командат на Македонската Армија нешто за што многу ти завидуваат ?
krste83: Ух...не се завидува за тоа...едноставно треба да се има поделба. Од сега би предложил следниот претседател да си има друг Врховен Командант односно оваа функција да се подели...двете заедно бараат огромна активност и ангажирање

Да се вратиме кај функцијата претседател какви искуства ти донесе , и дали планариш да продолжиш со политиката и во реалноста ?
krste83: Како претседател можеш да видиш кој е превртлив кој има разбирање, кој нема, кој е инаетлив а кој е тврдоглав. Сите си имаме свој карактер и секако запознавањето на карактерот на сите е најголемата предност. Стекнувањето пријатели пак е голема но најважното ТРАЈНА вредност. Имав можност да стекнам ријателства со профили кои се претседатели на земји наши сојузници, змји напи шротивници и неутрални земји. Сите играат своја игра..коордирање на потребите на државата со останатите е најголемиот предизвик. За политика во РЛ...ма недај боже 🙂

Ќе се кандидираш за втор мандат ?
krste83: Никако !

По долго играње како се релаксираш ?
krste83: Пишам дипломска засега 🙂 а иначе возам бицикла, читам или гледам нешто интерсно од серии или филм. Секако доколку ми дозволи вереницата 🙂🙂🙂🙂

Спиеш редовно ?
krste83: Да да, спијам редовно околу 2-3 саати дневно...искрено не верував дека до толку ќе се ангажирам на играва...

Кажи ни нешто повеќе за тебе ?
krste83: .Ќелав дечко со раситнета трета деценија отприлика. Грд у пи*ку матер ама ето имав среќа да најдам девојка со лош двкус веројатно и тоа е тоа...втор факс завршувам и набрзо животот од Охрид го селам Скопје 🙂 Од летово слободни ми се собите 😃😃😃😃😃😃

Музика, филм и хоби ?
krste83: Од музика слушам се што е добро за уши: од Ефто Пупиноски до Нон Стоп и од Ајрон Мејден до Роби Вилијамс.
Гледам многу серии, а гледам и филмови.
Хоби сега засега ми е дипломската а претходно ракометот кој ми потроши 12 години од животов 🙂

Порака до читателите ?
krste83: Македонија е ваша и не ја предавајте некои одлуки на претседателите може да не ви одговараат или да не се сложувате. Верувајте се било за доброто на еМакедонија.
И запамтете сепак ова е само игра !
поздрав драги гледачи 🙂

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Претседателот
http://www.erepublik.com/en/article/-krste83-2279943/1/20

Интервју со krste83
http://www.erepublik.com/en/article/-krste83-2279943/1/20

60то Интервју
http://www.erepublik.com/en/article/-krste83-2279943/1/20