[KepenciMKD]Административен Сервис

Day 1,485, 09:29 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD

Поттикнат од драгиот ни прв конгресмен, кој со голем успех го води Конгресот овој месец, и тоа колку сака да ни ја приближи Македонија и правилата кои важат до оваа виртуелна еМакедонија со наметнување на дополнителни давачки за одобрување државјанства, а со тоа и внесувајќи дополнителни бирократски процедури во смисла одење до канцеларијата за издавање пасоши ( #Kongres.Drzavjanstva ) и дополнително губење време со поставување разно-разни прашања преземени од Штази службата, наместо да ги извршувате вашите секојдневни обврки како што се работа и напорен тренинг пред одењето во крвава битка дојдов до идеја како да ги скратиме маките со која многу поедноставно ќе можите да се здобиете со толку посакуваниот македонски пасош .




НОВО ! НОВО ! НАЈНОВО !
За таа цел на најпрометната улица во Македонија веднаш до
Матицата на Иселениците


отвoраме ....

АДМИНИСТРАТИВЕН СЕРВИС !!!


Се што треба да направите е да поднесете барање во нашата канцеларија заедно со и а се останато е наша задача !!!

ПОСЕТЕТЕ НЕ !!!


Во секое време секретарката ги чека вашите БАРАЊА за одобрување државјанство, ако треба останува и прекувремено ...


_________________________________________________________________

п.с. Ако е бал нека биде маскенбал
п.п.с. Статијава е очигледна иронија за наметнатите правила за наплаќање државјанства при влез во Македонија
п.п.п.с. Барам отповикување на таа одлука поради новите мисии со кои се бара извршување то 300 убиства за државата од која поседуваш државјанство.


Да живее Македонија

Со почит KepenciMKD