[KepenciMKD] Претседателско обраќање

Day 1,355, 14:11 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Македонијо о7

Знам дека никој не очекуваше после вчерашните Избори јас да седнам на Претседателското место , ги следев резултатите до после полноќ и сигурен бев дека Лавчан е избран дури и му честитав на победата.
Денес уште пред да се логирам бев контактиран од Лавчан со објаснување што се случило, да, направил грешка, ненамерна грешка која го тргна од Претседателската позиција, за што искрено жалам. Но кармата денес е на моја страна, и како кандидат бев спремен да ја ВОДАМ Државата и сега како избран Претседател ќе ја водам државата кон посветла иднина !!!

Веднаш да кажам на почеток дека му беше понудена улога на Лавчан како До-Претседател, со што и двајцата би управувале, но тоа беше одбиено од негова страна и се обврза дека ќе биде мој личен советник по важни прашања за Државата. За ова сум согласен ЦЕЛОСНО и со драга волја ќе соработувам со Богот Лавчан со чиј благослов и постанав Претседател !

Во моментов се одржува состанок на новата Влада која ги договара новите принципи на работа, делењето рефунд ќе претрпи промени но исто така време е малку и да го стегнеме каишот во тој дел.

Денеска поради настанатата ситуација се договоривме да е последен ден на старото раководство и тие ја водеа денес државата од утре сите организации преминуваат под мојот тим за да има подобар премин на Власта секако .

Рефундот за Паравоените ќе е сведен на 55.000 МКД севкупно и тоа на следниов начин ...
Новиот начин на делење на рефундот ке биде според посебна класификација
на паравоени единици која ке се сведе на следниве критериуми:
1.Просечна сила на единицата
2.Број на членови
3.Следење на наредби
4.Фирми со кои располага
Ке има 3 нивоа на рефунд системот кои ке изнесуваат:
За прва категорија околу 3000 мкд
за втора категорија околу 2000 мкд
за трета категорија околу 1000 мкд
За нашите тенкови ќе се издвојува 20.000 МКД, за цивилите 10.000 МКД, чии средства ќе се делат на активни граѓани во даден момент кога и каде треба да помогнат во битките.
Одговорен за овој сектор е Гранд Адмирал Кристијан

Буџет за 07.08.2011-ден 1356

1. буџет за рефунд на паравоените единици-55 000 мкд
2. буџет за делење на тенкови-20 000 мкд
3. буџет за делење на тенкови на население-10 000 мкд
4. Резервни средства-15 000 мкд

МоД тимот веќе има договорени термини за следење на битките и тоа ќе се одвива вака ...

МоД - КомандерТом

Заменици и нивна активност :

Ристе Архелај Голгјун -дневна
Македнон - дневна и вечерна
ролерпро - дневна и вечерна
МакеДона - дневна и вечерна
СтифлерАеродром - вечерна
матриксбој - 3-та смена + утринска
Воикс - советник на МоД тим

Во врска на воениот дел веќе се договорени и плановите за ослободување на оригиналните македонски региони кој ќе се спроведе ве УВЕРУВАМ само ако сите сложно работиме на таа идеја, главниот град останува на Брегот на Црвеното Море ( нели е лето сеуште - да го искористиме тамошното сонце 😉 ) и да прошириме ресурсите кои ги имаме под владение .

Да се ОБЕДИНИМЕ Македонци !!!
Да живее Македонија !


Со почит , Претседател на еМакедонија - КепенциМКД