Кандидатура за Конгрес ( Обединета еМакедонија ) на KepenciMKD !

Day 1,127, 05:00 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Претставување на програмата за која ќе се залагам КОГА ќе бидам избран за конгресмен .

Најпрво да се претставам во ВЖ имам 28 години и за еРепублика знаев пред повеќе од 1 година, но секогаш кога сакав да се приклучам се премислував бидејќи во листата на земји ја немаше Македонија ( да знаев дека веќе има македонска заедница која е вклучена активно во играва веќе ќе бев присутен поодамна ) , и како поголемиот дел од македонските еГраѓани се вклучив по прилогот на Сител .
Поради описот на мојата работа ( нет кафе ) можам да поминувам долго време на еРепублика со што и мојата активност ( на играва, на чет) која за еден Конгресмен е важна - ја исполнувам, исто така сум агент на еден наш пензиски фонд со што и економскиот модул го разбирам , и за крај , пасиониран почитувач сум на воените стратегии кои се најбитните во оваа игра ( за сите кои сакаат воени стратегии им ја препорачувам The 33 Strategies of War од Robert Greene ) .


ПРОГРАМА :

Кој е клучот за успешност на еМакедонија ?



* Подршка на сите граѓани на еМакедонија , подадена рака за секој проблем , комуникација , доверба и почитување на договорот . Сите сакаме да ја видиме еМакедонија како светска сила мислам дека е време да ја зголемиме довербата и лојалноста меѓу нас , да им помогнеме на помладите членови што побрзо да напредуваат економски и воено , со тоа секако и помагаме на Македонија да се исправи гордо пред другите еДржави !


* Јака и стабилна ( растечка ) економија во која секој еМакедонец ќе може да си овозможи отворање и развивање на сопствен бизнис , со што би си го олесниле напредокот како личен така и на Македонија . Давање на сугестии каде и во што да се инвестира и ре-инвестира добивката на веќе успешни бизнисмени . Економија насочена кон развивање на сите индустриски гранки !!!


* Секогаш ќе бидам во контакт со сите еМакедонци ( преку приватни пораки или чат ) и секоја добронамерна идеја или сугестија ќе биде разгледана од моја страна и затоа слободно може да ги изнесите сите критики без разлика дали се добри или лоши .


* Стабилен денарски курс во однос на златото , околу оптималните 30 МКД за 1 злато ,
Како и намалување ( мало ) на вредноста на златото во однос на денарот од сегашните 0,035 на 0,033 , со што не би се направила некоја нагла промена на пазарот а тоа би имало голем ефект , пр. 1 МКД=0,033 злато – 10 МКД = 0,33 злато - 30 МКД = ~1 злато , и сега ќе прашате која е разликата , па со сегашните плати за 7 скил експерт ( ~15МКД ) секој граѓанин со 7 скил па нагоре ќе заработува по 0,5 злато дневно,
ќе може со 1( ПОМАЛКУ ! од едно ) злато да купи над 40 леба к1 кои враќаат 80 здравје ,
ќе може секојдневно да прави по 4 удари во мини-битките со што секој еМакедонец ќе добива на сила ( Strength ) .


*Како што лично јас ќе се борам за напредок на еМакедонија , така ќе имам право да барам и од вас еМакедонците ред и дисциплина , што би значело секојдневно работање и тренирање, секако треба да работите со 100 здравје исто и за тренирање ( 7 скил експерт е земен погоре бидејќи со секојдневно работање и тренирање со 100 здравје се достигнува релативно бргу околу ~1 месец, ако не и побрзо ) .
Така сите ќе ја искачиме еМакедонија повисоко на скалата на УСПЕХОТ !!!


*Воениот тренинг и дисциплината на сите воени единици како на регуларната така и на паравоените армии секогаш треба да се стреми кон усовршување , како и развивање на воени тактики само за нив препознатливи што би значело стратешко планирање пред секоја акција , односно да имаат во своите редови тим кој ќе се грижи исклучиво за тие работи ( пропаганда, агитирање, логистика , стратегија )

*Блиски контакти со сите земји членки на Феникс сојузот со чии претставници би се разгледувале сите можни идни воени потфати, воени вежби во напади на наши единици преку склучените МПП , како и обезбедување на гаранции за слободата и сигурноста на нашата еМакедонија .

Со овие цели јас KepenciMKD ( http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3965092 ) се пријавувам како кандидат за Конгрес на партијата чиј член сум Обединета еМакедонија .
На сите кои ќе ја поддржат мојата кандитатура им благодарам , на сите други нека размислат добро пред да гласаат бидејќи за нивната иднина се работи .
За мојата кандидатура може да гласате на следниов линк, http://emacedonia.info/index.php?topic=616.msg8719#new едноставно, со впишување на моето име ( KepenciMKD )

Среќно на сите кандидати и се надевам на успешна соработка во иднина,

Со почит, KepenciMKD