Македонија во Мајами на плажа...[ivan.aka.friday]

Day 1,768, 11:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Добра вечер Македонски народе !


Конечно се разјаснија некои работи,обвинувањата стивнаа,другарите се вратија,академијата почна да работи... Македонија е спремна да го освои светот !!!


Многу пораки примив од типот кога не напаѓа Полска,кога не напаѓа Америка... Значи имам една огромна молба да почнете да ги читате весниците,од време на време да ја отворите и мапата да видите како се одвиваат работите...

Сега да преминеме на сериозна тема: нападот на Америка !

Утре сабајле ќе ја нападнеме Америка уште не е решено сигурно во кој регион и нападот ќе биде околу 8 сабајле... затоа ве замолувам да пробате да бидете вклучени во што поголем број,секој од вас ќе ни биде подеднакво потребен !!!

Отворени се канали за поделба:
- #zimnica - овде ги поканувам сите играчи кои имаат спремено барови да дојдат да им помогнеме со некој тенк, најверојатно ќе даваме 50% од вкупниот ФФ,затоа што инаку би потрошиле премногу и би се закопале сами...

- #raketari - сите што имаат ракети во д3 и д4 нека го посетат овој канал, нема тука постојано да се дели туку само на крај на рунда и тоа ако е стварно потребно...иако скапо е ова па може и да се предомислиме и да не го користиме каналот ама сепак ќе бидете навремено известени

- #emkd-army - помалку заборавен канал,активиран специјално за македонската армија... од тука ќе ги следиме наредбите и случувањата на бојните полиња...

- #podelba - стандард канал за поделба,овој ќе биде само за странци така да ве молам не правете збрки на тој канал...

Не сум 100% сигурен ама мислам дека ќе отвориме еден Удар за цел ден што ќе трае а ќе бидат исплатени 50% од искористените тенкови...


-Востанија


Ве молам веднаш по завршувањето на тековните востанија кренете нови и слика пратете кај LazarosaMKD, ќе бидете исплатени ако бидат неуспешни,една недела на клупа за Македонија вреди повеќе од 5 RW медали !!!
Востанија треба да се кренат во следните региони:

-Voralberg
-Sardinia
-Deutschschweiz
-Albanian Coast

Се надевам како вистински патриоти и Mакедонци ќе ги исполните овие барања !

Од мене толку за сега,ако има нешто ново ќе ве известам...
Значи вечер порано на спиење и утре ве молам координирано пукање да не се истрошиме во првата битка па да се чудиме после што ке правиме...

Ви посакувам убава вечер па се гледаме утре на бојното поле !

За Македонија ! о7