Мотивација > Минато

Day 1,392, 03:23 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Секое минато време е убаво време !

Изминативе денови се обидував да не дремам многу на играва затоа што бев разочаран не заради тоа што изгубивме региони,бев разочаран од вас кои направивте играва да ја изгуби смислата на игра туку го направивте ова нешто реално,прочитав пред изборите неколку статии прочитав и сега многу коментари за тоа како некој се борел за регионите па како сега некој дозволил да се изгубат регионите,како нема рефунд,како државата ја краделе и бла бла бла .........
Нај интересни ми се коментарите од типот Струме врати се !!!!
Струмјанин го сметам за многу мудар и за вистински лидер и сигурен сум дека и во реалноста ќе постигне голем успех кој е многу побитен одовој кој го постигна тука,поентата е тоа што и да дојде сега Струмјанин на власт или да беше ќе биде исто.Од последното владеење на Струмјанин па се до денес на многу начини се промени играта поточно оваа игра како и останате е измислена за тоа како некој да направи пари оваа игра не е создадена за некоја земја да прерасне во инперија и да владее сто години.
И покрај горе споменатото кога беше најголемиот поход во времето на Струмјанин да бидам искрен многу малку читав за корупција и за тоа да се врати некој си предходен претседател или преЦедател туку сите тргнавме во поход и освоивме многу територии зошто затоа што бевме сосредочени или сконцентрирани на играта и победувавме а не бевме сконцентрирани на минатото што и како било тоа е минато и ќе остане таму.
Сега да го земеме за пример ScymeX кој има потрошено многу реални пари до сега типот нема напишано ниту една статија за тоа како некој ја украл државата како некој дозволил да ги изгуби еМакедонија,немам прочитано такава статија во неговиот весник,а вие да бевте на негово место сигурен сум дека со ak 47 ќе го баравте претседателот низ Скопје.Да бидеме искрејни барем ScymeX и останатите имаат право да се жалат по статии да плачат затоа што потрошиле многу пари но тоа тие не го прават затоа што ова е само игра ова е забава.Повеќето ме потсетуватате на приказната за пилето кое смо одело по фарамата и викало небото ќе падне, небото ќе падне исто и вие така само цивкате не чини ова не чини она и вие да сте на власт ќе биде истото.
Одкако ќе изгубам во фудабал ќе се поздравам со противниците и ќе им речам се гледаме на следниот натпревар !

КОГА ЌЕ ИЗГУБИ еМАКЕДОНИЈА
Сакам да прочитам статии и коментари СЕ ГЛЕДАМЕ ВО СЛЕДНАТА БОРАБА !
ЌЕ ПОБЕДИМЕ НА НАРЕДНАТА БОРБА ! а не да цивкате како мали пилиња и да барате виновници а притоа без да се погледнете самите себе и само да критикувате се создава негативна енергија и затоа не ни оди повеќето се сконцентрирни на тоа што било а не на тоа што ни доаѓа.

Има многу примери кај што се докажало дека сме ПОБЕДНИЦИ и тука и во реалноста !
Ова е само игра и тука се забавуваш и создаваш пријателства.
филозофија е едноставна ГЛЕДАЈТЕ НАПРЕД И СКОНЦЕНТРАЈТЕ СЕ НА ИГРАТА И УСПЕХОТ Е НЕИЗБЕЖЕН.