Кратко издание !--------- >Сите на Солун !!!

Day 1,118, 16:51 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
еТурција вечерва ја предложи еГејлада за Природен Непријател

http://www.erepublik.com/en/Turkey/law/62929

Набрзо после тоа истото го направи и еГејлада

http://www.erepublik.com/en/Greece/law/62930

се очекува и двата предлога да поминат на тамошните Конгреси
со што и Македонија би ја добила историската шанса за напад на Беломорието

СИТЕ НА СОЛУН !!!


Ме мачат прокоби, крвави играрии на векот.
Ни потопи ни суши, не ќе ме слезат од височини
не смрт без слобода не без Македонија.
Та кој ми ја краде земјата и в очи ми ја фрла
кој ми го погани морето ѕвезди крвави ќе му потопам
Овдека и тревка се бори за сонце и за слобода
овде и семeто јачка во земјина утроба
крени се море градобран биди
пред налет на стрели сараценски.
Смрт или слобода и за Бога одлука стравотна е
а камоли за овој народ унесреќен.
И ако умрев и нестигнам да ве опоменам
во природата и надвор од неа
се што допрев и помилував ќе загрми!
А ако сите вас не ве збрав на покрив на слободата
и ако во себе не ја допрочитав вашата душа.
Се плашам да не ве измамат оти има лажно сонце
и рана пролет среде зима тешка
та така да ги измами на видело вљубениците во слободата,а потем на нишан да ги земе
ете од тоа нам ни страдаат поколенијата
МАКЕДОНИЈО КОГА ЌЕ ТЕ ПОМАКЕДОНЧИМЕ.

Времето е дојдено , погледнете длабоко во себе , почувствувајте ја вистината , отворете ги очите и гледајте како пред нас се отвараат сите врати. Сите заедно сплотени за МАКЕДОНИЈА , за ВИСТИНАТА , за ЧЕСТА , ГОРДОСТА на нашиот НАРОД .
Ќе биде тоа ДЕН , кога македонскиот БУНТОВЕН ДУХ , ќе ги урне сите ѕидови на срамот ! Помеѓу ВАРДАР, ПИРИН И ЕГЕЈ !!! Зошто со илјадници години ПЛАМТИ во нас славата на Филип и Александар ! Со илјадници години немаме намера да се предаваме , Бидејќи МАКЕДОНИЈА Е ПОСТАРА И ОД ГОРОЦВЕТОТ И ОД НОЖОТ !!! Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Бидејќи во една наша ЦРКВА откопан е зборот ВОСТАНИЕ ! Ќе ги искинеме сите бели знамиња, тие симболи на предавството. Ќе ја воскреснеме таа ДРЕВНА и СВЕТА земја, како најголем и најсветол цивилизациски ОГАН ! Со илјадници години немаме намера да се предаваме ! Ќе ги преораме гробиштата на ИДЕАЛИТЕ и со коските на нашите мртви ВОЈВОДИ ќе се претвориме во ЗУРЛИ И ТАПАНИ , во нашето најсилно оружје . Со голи раце ќе ги искинеме жиците од границите ! Ќе ја обединиме и ќе извикаме ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА !
Македонија на Македонците !


Предлог за аватар кој би го поставиле сите Македонци за време на нападот на еГејлада