Се за FORFEIT POINTS (казнени поени)

Day 1,193, 06:56 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Казнени поени(FP)се наоѓаат на вашиот профил и покажуваат колку пати сте ги прекршиле правилата на игра.За нив се добива привремена суспензија или трајна забрана за користење на вашиот accaunt.

Добивање на казнени поени.
Кога граѓанинот ке ги прекрши законите на eRepublik,во зависност од тежината на прекршокот но и од постапките во минатото,е казнет.Ако прекршокот е помал и е направен за првпат,може да помине само со опомена.Но ако граѓанинот и порано ги правел истите грешки или ги прави често,може да добие и трајна суспензија.Паралелно со суспензиите и предупредувањата,се додаваат и казнени поени на профилот.Значи казнените поени се резултат на добивање суспензија и опомени,а не обратно.


Опомена 0.5 Казнени поена (0.5 КП)
1 ден суспензија 1 Казнених поена (1 КП)
2 дена суспензија 2 Казнених поена (2 КП)
3 дена суспензија 3 Казнених поена (3 КП)

Ако граѓанинот собере 5 КП следи трајан суспензија,но трајна суспензија се добива и за екстремен прекршок иако нема 5 КП

Секогаш кога се добиваат КП или привремена суспензија,граѓанонот добива и порака од ADMIN со објаснување кое правило е прекршено.

Можете да видите колку КП имате на вашиот профил,но не можете да видите колку КП имаат другите граѓани.

Ако сте добиле казнени поени,а сметате дека сте неправилно казнети имате право само на една жалба.Затоа искористете ја паметно.

ГУБЕЊЕ НА КП

Ако граѓанинот го задржи доброто поведение 2 месеци сметајки од денот кога ги добил КП,КП автоматски се губат.Ова не се однесува на трајно суспендираните граѓани.