ПОМОШ ЗА СИТЕ НАС!! [#emkd.help]

Day 1,673, 10:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski


Добар ден Македонијо!!

Имам чест да ви го претставам отварањето на реновираниот канал за помош на сите Македонци #emkd.help.
Каналот официјално ќе се отвори на 22 Јуни - Петок.

Овој канал ќе служи за било каква информативна помош за механизмите на играта во служба на еРепублика Македонија.
Тимот на оператори заедно со тимот на волонтери на овој канал ќе има обврска да им помогне на сите оние кои ќе побараат помош.

Тикет систем :
Овој канал ќе работи нонстоп. Доколку нема оператор слободен во моментот вашите прашања ќе можете да ги поставите преку "Тикет Системот" а одговорот ќе го добиете во најбрз временски период преку порака на вашиот профил.
На овој начин вие не сте обврзани да се вклучите на чат за да добиете помош туку напротив тоа можете да го направите преку истиот линк.
Преку тикет системот ќе се обидеме да водиме и евиденција на активни/помогнати играчи.

Листата на оператори ќе биде објавена на следниот линк : http://tinyurl.com/rakovod
Пофалби и жалби ќе можете да оставите на : http://tinyurl.com/cwuwnuf

Оператори :
Со цел на подобра организираност и поубава функционалност се отвара и "конкурс за пријавување на оператори" каде ќе може да се пријави секој од вас кој ќе сака да се обврзе да им помага секојдневно на останатите играчи.

Волонтери :
Исто така се отвара и "конкурс за пријавување на волонтери" кои ќе бидат внесени на листата на тимот на волонтери кои ќе бидат контактирани само доколку е потребно засилување на тимот на оператори. Значи волонтерите ќе бидат "спијачи" кои ќе бидат контактирани само по потреба.

Наградна игра :
Со цел на подобрување на информираноста за играва на сите нови играчи, ќе следува и наградна игра каде што ќе се бира "Најдобар видео туторијал"

Ве молиме да не ги злоупотребувате нашите намери за да помогнеме со спам на документите.
Овој канал ќе работи независно од Владата и нема да се меша во политиката!!


Официјален весник : eNarodnik
Овој весник активно ќе информира за работата на каналот.
Доколку сакате да бидете информирани слободно претплатете се, во спротивно ве молиме само за глас!!

За извик : ПОМОШ ЗА СИТЕ НАС!! http://www.erepublik.com/mk/article/-emkd-help--2063330/1/20