Кандидатура за Претседател [Dashovski]

Day 1,687, 23:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski
Кандидатура за претседател на еРепублика Македонија.

Добар ден мои Македонки и Македонци.

Со следново обраќање ќе ви ја претставам мојата кандидатура и план (во случај на извојување победа).

Се кандидирам за функцијата "Претседател на еРепублика Македонија".

Иако кандидиран од МО-УП на избориве ќе настапам повеќе како индивидуалец.
Доколку МО-УП и други партии сакаат да ме подржат, јас сум спремен за соработка, дотогаш јас настапувам како индивидуа која нема друга опција да се кандидира без членство во партија.

Мојот план и кандидатура ќе се основа на Дипломатијата.
Јас нема да ветувам 10/10 ресурси, ниту пак ќе се обидувам да ве залажам со тоа.
Највеќе што ќе можам да ви понудам е 5/10 доколку постигнеме договор со српската влада за остапување на албанските региони. (верувам тоа ќе се оствари)

Министерство за надворешни работи :

Министерството за надворешни работи во мојот мандат нема да постои.
Министери за надворешни работи ќе бидеме јас, и мојот заменик, затоа што верувам дека претседателот треба да биде оној кој ќе ја води надворешната политика.Воедно ќе се насочиме и на одново создавање на амбасадори кои ќе имаат определена мисија во одредени држави.
Планирам да побарам НАП со Јужните, не со цел на воено предавање туку напротив за добивање време за поубаво реорганизирање на нашата армија, средување на нашата позиција во ОНЕ, создавање нови сојузници и враќање на некои од старите подзаборавени сојузници.

Последниве неколку денови сме премногу лути на ОНЕ и навредени од некои нивни членки, но сметам дека треба да размислуваме со ладна глава и да не го напуштаме ОНЕ поради индивидуи и моментални проблеми.
Позицијата во ОНЕ долго ја градевме, сојузниците тешко и долго ги создававме и мислам дека не е погоден моментот едноставно преку ноќ да се откажеме од сето тоа без притоа да имаме и план Б.
Со напуштањето на ОНЕ само им овозможуваме на душманите наши, убаво чувство, а јас тоа не планирам да им го овозможам.
Во ОНЕ сепак време е да се покажат заби, време е да се освестат заспаните членки и уфилманите фраери кои ни создаваат главоболки.
Планирам "Influence embargo" према членката која не навреди, се додека не се средат односите помеѓу нас (додека не ни се извинат за сите навреди досега наменети за македонската нација).
Воедно во овој мандат со потпишување на НАП добиваме слобода да се бориме за сојузници 1 месец а со тоа и на следниот претседател и гарнитура да му овозможам да има контрааргумент во алијансата на нивните аргументи дека не сме се бореле таму каде требало.



Министерство за одбрана и Министерство за информирање.

Овие две министерства сметам дека не треба да бидат дел од различна гранка, и сметам дека тие треба да работат како едно.
Нашата најбитна информација е секако воената информација, и преку сплотувањето на овие две министерства ќе се сконцентрираме на тоа.
МЗО+МЗИ ќе бидат одговорни (преку статии) секојдневно да информираат за приоритетите и воените случувања, а вие ќе треба да помогнете тие статии да бидат секогаш во ТОП 5.

Министерство за Економија :

Во ова министерство јас нема да се мешам, едноставно само ќе ја донесам одлуката за избор на човекот кој ќе си ја знае својата работа и во кого потполно ќе имам доверба (за да не се случуваат глупости).



Министерство за здравство + Министерство за образование :

Овие две министерства треба да функционираат заедно затоа што ја работат истата работа, а тоа е помош на граѓаните на еРепублика Македонија.
МЗЗ е најуспешно во својата работа моментално, и не планирам ништо да изменам во тоа. МЗЗ ќе си продолжи со помагање на секој граѓанин на кој ќе му биде потребна помош, со буџет одобрен од Министерството за Економија.

Може се прашувате зашто немам претставено тим, ќе ви одговорам "поради 2 причини".

1. Тим нема да претставувам поради тоа што доколку сакате да го дадете својот глас, тоа направете го затоа што сакате мене да ми ја дадете довербата.
Јас нема да напишам во мојата кандидатура звучни имиња се со цел да придобијам гласови плус.

2. Доколку не ме гласате (гласате против мене) , сакам тоа да го направите затоа што не посакувате да ми ја дадете довербата мене, а не затоа што сте биле во кавга со некого од тимот.




Овој мандат ќе бидам јас еден и единствен кој ќе ја сноси одговорноста, за сите негативни работи, за позитивните работи ќе биде заслужен целиот тим што ќе застане позади мене.

Тим ќе составувам накнадно, доколку ги добијам изборите. Тим ќе составувам од активни луѓе а не од луѓе кои само сакаат да бидат напишани дека биле дел од владата.

Време е за работа, време е за обнова. Да се предадеме нема, ниту на непријателите ниту на пријателите! МАКЕДОНИЈА светска сила, БИЛА, Е, и секогаш ќе БИДЕ!!

Ве поздравувам, и им посакувам среќа на останатите кандидати.
Воедно им ја нудам мојата помош доколку било кој од нив победи, има потреба.

ЗА МАКЕДОНИЈА!!

п.с. : на следниот линк можете да ми поставувате прашања -> Прашалник