Интервју со Махер - Dark Side Wolves

Day 2,034, 11:37 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Денес гостин ни е махер основач на една од престижните единици во еСветот

Кој беше мотивот и плановите за да се создаде Dark Side Wolves ?
Maxep: Мотивот беше да се избега од МК, причина поединци кои мислеа дека се главни (поединци кои не постигнале ништо во реалниот живот и сега тука си лечат комплексите), а воедно и да се продолжи со играта на еден поинтересен и поразличен начин. Сите ја следат толпата, а ние имаме стил 🙂

Зошто единицата формирана во USA ?
Maxep: Затоа што во тој момент имаше сигурни ресурси, и како независен терен бидејќи нашата политика е дека не застапуваме ниту еден сојуз. Како што знаете во играва постојат повеќе сојузи како TWO, COT, Asgard и DSW😁

Какво значење има името Dark Side Wolves ?
Maxep: За нас е нашето име, а за сите други се надевам заканувачко xD, самото име кажува, ние сме спротивно од се што е бело во играва 🙂

Кое е мотото на единица ?
Maxep:
Semper Etiam Ubique Superiores
Come to the dark side, we have cookie

Кога ќе видам шаут: DSW na chat ! ми создава една носталгија која ме потсетува на старите добри еВремиња како се уште кај вас функционира четот ?
Maxep: Кај нас верувам дека сеуште функционираат “старите“ добри евремиња и воедно можеш секогаш да вежбаш стомачни на нашиот канал. Волците се една стара добра екипа која со својата харизма знае да се забавува добро на chat , но и надвор од chat се дружиме сите, па поради тоа chatot е посетен од многу останати играчи кои не се наши членови, како од Македонија така и од другите земји. Скоро сите Mofi или MOD од еСветов се присутни или го посетуваат нашиот chat за да знаат каде глутницата гладни волци ке вие денеска😁 . А за самата активност заслужно е што дневно имаме по неколку акции, имаме висок степен на организираност и во сето тоа има андреналин, се вртат зидови во погрешна насока, се добиваат битки во последни секунди, има еуфорија, дури се случувало да се пука во една битка за едната страна, па следната за другата страна, сето тоа е едно ново и убаво искуство, полно со ЗАБАВА.

Кои се условите за оние што сакаат да членуваат во единицата ?
Maxep: Првиот најважен услов е дека е дојден да ИГРА и да се забавува, да имаат над 18 и смисла за хумор (црн и бел). Како што знаете нашата политика е дека не припаѓаме на ниту еден сојуз и не претставуваме ниту една држава, нели ние сме темната страна ха ха,, значи ние сме дојдени да ИГРАМЕ, и ова е ИГРА. DSW не е класична единица, тоа е повеќе како интернационална организација, па поради тоа имаме членови и MU во повеќе различни земји од различни алијанси, се створија многу пријателства и DSW стана поим во еСветот.

Делите рефунд ?
Maxep: НИКОГАШ xD
Рефунд хм... најдобро видете го Трезорот на DSW па заклучете сами 🙂

На турнирот завршивте во ТОП 50 единици на светски ранг и освоивте 2 место во USA, задоволен си од резултатот и кои се плановите за во иднина ?
Maxep: Од резултатот сум задоволен (ама нели секогаш може и подобро). Турнирот беше нешто неочекувано за нас, бидејќи како што знаете DSW има над 10 MU во десет различни земји и немавме доволно простор за префрлање на сите во една MU, па затоа отидовме секоја MU посебно. Нашите сестрински MU беа исто така високо пласирани, ама не влегоа во Топ 50. Иначе за второто место во УСА беше малку разочарувачки за нас, бидејќи очекувавме прво место, но кредитната картичка и 2 миљарди штета на еден УСА тенк сепак го купија првото место. А планови за иднината се менуваат според тоа како ќе му прдне на ПЛУТОН, па ги адаптираме.

Кој се плановите за партијата ?
Maxep: Политички планови немаме, нашиот статус е да бидеме колку може неутрални, но нели стана модерно секоја MU да има политичка партија, па ајде и ние да бидеме модерни ха ха.

Зошто играш еРепаблик ?
Maxep: Прва и главна причина што ме држи да седам понекогаш со саати пред ереп, е дружбата со пријателите кои веќе ги познавам и лично и со кои веќе со години се дружиме како виртуелно така и реално.

Зшото се одлучи за името Maxep ?
Maxep: па MAX-имален ER - ерепубликанец нели ха ха.,

Кој е Maxep одкако ќе стисне Logout ?
Maxep: ROKO SIFFERDI 😃

Твоја порака до читателите ?
Maxep: Дружете се и забавувајте се, искористете ја играва за релаксација, а не за омраза и исправување на некои неправди, и уште помалку стресови, плачење и ставање на срце за неколку пиксели кои се направени за Забава, бидете херои и патриоти во реалниот свет, тука е игра и само игра.
Better to have DSW with you , then against you !
Come to the dark side, we have cookie

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Махер - Dark Side Wolves
http://www.erepublik.com/en/article/-dark-side-wolves-2276977/1/20

Dark Side Wolves
http://www.erepublik.com/en/article/-dark-side-wolves-2276977/1/20