Завршно Обраќање [CAB]

Day 1,842, 17:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Драги Македонци и Македонки,

Како што напоменав на почетокот на мандатот, имавме еден тежок месец. Тоа беше за очекување со оглед на фактот дека ние со месеци имаме јаки војни, а нашите Јужни соседи си фармаа на големо, притоа мавајќи во нашите востанија, за да не седиме долго на ресурси.

Морам да напоменам дека сум горд од посветеноста на сите Македонци, а особено на МОД-от и МОФА-та во извршувањето на задачите и со тоа постигнувајќи ја целта без многу загуба на територии и ресурси, да ги ослабеме Грците.

Да не должам многу накратко само ќе поминам дел од случувањата овој мандат, како и состојбата пред избориве.

Воена Ситуација

Војна се води на 3 главни места на еРепублик:

1. Јужна Америка : Чиле - Аргентина

2. Азија : БРУСА - Тајван

3. Среден Исток: Бугарија - Грција

Македонија веќе не е директно вклучена во овие 3 боишта, но активно помага на сојузниците. Во меѓувреме се продолжува враќањето на Албанските територии и пукање то во тешките востанија во регионот Македонија. Имавме тешки битки поради фактот дека се обидуваат да не спречат да пуштиме ново НЕ на Грција.

Ресурси

Македонија овој мандат го започна со сопствените територии, Албанија, како и 2 територии во Италија (Кампанија и Абрузо), притоа имајќи 6/10.

Во екот на војната ја изгубивме Кампанија, но ја земавме за нас важната Македонија и имаме намера да го ја повратиме централна Грција која ја изгубивме во востание пред некој ден.

Финансии

Затекнатата финансиска ситуација во еМакедонија беше лоша. Минатиот мандат и покрај обидите да се има мир и да зајакнеме на овој план, сепак востанијата тенкани од Грција, не го дозволуваа тоа. Како што можеме да видиме, финансиската ситуација влијае на способност да се води војна, но ние успеавме да истераме без да влеземе во минус.

Надворешна Политика

Многу промени се случија насекаде во еРепаблик. Бразил излезе од ЕДЕН. Ние и Индонезија станавме полноправни членови на ЦоТ. Обновени се односите со Шпанија. Останати се други проекти кои се во тек и нема потреба да се спомнуваат дур не вродат со плод.

Организација

Се направи скрипта и страна за подобро насочување на инфлуенсот кој се надеваме ќе допринесе за повеќе резултати на воено поле. За жал не успеавме да ја искористиме овој мандат, но ќе им се најде на сите претседатели после мене.


За крај би сакал да ви се заблагодарам на сите за сите случувања овој месец и да посакам Македонија да ни продолжи да биде се поуспешна, а играва се поинтересна.


Претседател на еМакедонија
Crash and Burn