Второ претседателско обраќање [CAB]

Day 1,821, 00:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Вчера, цел ден, некои луѓе решија дека е најпаметно да се трола со секакви глупости.

Една од тие работи беше да се преправаат дека јас барам напад на јужниот сосед.

Од друга страна еден член на конгрес под изговор “на шала или фраерштина” го имаше следниот шаут.



Следно нешто што беше е пуштањето закон за напад на јужниот сосед.

Само да појасниме, овој закон не е во интерес на Македонија која се наоѓа во тешка економска состојба која не дошла преку ноќ и како таква исто така неможе преку ноќ да се реши.

Кратко образложение:

Прва работа е тоа што пред два месеци претрпевме голема загуба во НБРМ и преку калкулација со мојот MoD и членови на академијата, дојдовме до заклучок дека со оглед на ваквата финансиска ситуација тешко дека ќе издржиме една голема војна со нашиот јужен сосед кој е далеку во позавидна ситуација од нашата.

Како втора работа е она што претходниот месец бевме приморани да се повлечеме во својот двор, односно, да дојдеме во ситуација од која единствениот излез е кон југ.

Она исто што сакам да го кажам е дека не сакам да подпаѓате под индивидуални провокации на поединци. Во моментов многу се работи на дипломатски план и за доброто на еМакедонија, а ние треба да го искористиме периодов за да се спремиме што подобро.

Морам да напоменам дека и поради сето ова, и очигледните желби на македонскиот и народот на јужниот сосед да имаат војна, веќе сите карти се отворени. Наредните неколку денови ќе бидат најважни.

Претседател на Македонија,
Crash and Burn