Завршно Претседателско Обраќање [ТashaMKD]

Day 1,873, 19:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Завршно Претседателско обраќање [TashaMKD]





Драги Македонки и Македонци, драги пријатели,
Дојде и тој момент, крај на претседателствувањето на оваа влада, момент кој во некои ситуации одвај го чекав, момент кога целиот товар на еПретседателот ќе го префрлам на следниот. Овој мандат беше исполнет со радости, таги, пцовки, кавги.
Оваа позиција е таква која бара 24 часовна посветеност. Неможев да раат да отидам и да сварам графче, а да не ми заѕвони телефонот со некоја битна информација која бара итна акција. Кутриот телефон, батеријата му откажа, екранот избледе. Компјутерот не беше изгасен ни 1 час.



Морам да искажам ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до целата влада, која си ги одработи задачите најкоректно.


Исто така голема благодарност и до членовите надвор од нашата влада кои навистина многу ми помогнаа.




Во мојот мандат успеавме да ја зацврстиме ситуацијата на нашата држава, да воспоставиме нови контакти и да добиеме нови пријатели. Во ниеден момент нашиот интегритет не беше доведен во прашање. Сега на крајот од мандатот имаме 7 од 10 ресурси, ја држиме Грција под силна чизма, им помагаме на сојузниците. Некој ќе рече не е тоа доволно. НО, во овој мандат благодарение на заложбите на неколку луѓе, дојдоа многу бебиња, добија ментори, и газат се пред себе во првата девизија. Многу голема благодарност до меторите. Имам пофалби од бебињата, кои веќе тренираат со сите тренинг центри благодарение на менторите. Само напред.
Постарите играчи имаа можност да подсоберат зимница, да направат upgrade на некој центар, да ојачаат и да се подготват за следните битки, кои се неизбежни.



Претпоставувам дека ќе има и тролање како имало медари или како сме ја опељушале НБРМ и сосема сум свесна дека и најкоректниот даден отчет тоа нема да го спречи. Сепак мое е да го дадам отчетот, а Ваше да верувате во него или да тролате.

Значи кога дојдов ја имаше оваа состојба во НБРМ:

На крај од мојот мандат ситуацијата е следна:


Целокупното работење и трансакциите може да ги најдете тука:

https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AruoGhV3HZvjdGJwU045YVJtU1pvcGhSYkJieDVKU1E

Морам да напоменам дека многу од членовите на владата и самите донираа со сопствени средства во поделбите.



Морам да го напоменам и тоа што не е сработено од владава, а беше ветено.
Министерството за правда



Ова министерство тргна солидно, уште првиот ден имаше успеси, нема да ги повторувам, ги има во претходните статии.
Креиравме заеднички акаунт, но бевме истролани од македонците, како тоа било реферал, а не беше. Тука ја направив мојата грешка и го избришав акаунтот. Потоа се обративме до админите, да ни дадат весник на некоја од ОРГ за да го направиме министерство, но тие не откачија и не ни го овозможија тоа.
Се надевам некој иден претседател ќе најде сили и ќе го формира ова тело.



Собиранките.. ах тие собиранки, колку се договаравме и никако не успеавме да најдеме термин, или други веќе имаа собиранки во тој термин, или беа празници, или имаше битни битки, но ќе ги направиме, не се откажуваме.


Што ќе ми остане во најголемо сеќавање.. Менторите.. 130 ментори се грижат успешно за 130 бебиња. Се воспоставија пријателски односи. Особено менторите што посвоија женски бебиња



Порака до следните претседатели. Не се плашите да донесете нови луѓе и нови идеи. Бидете искрени и верни. Задно сме посилни. Тука сме јас и мојата влада да помогнеме кога и да е потребно. Веруваjте им луѓето од оваа влада, ставајте нови луѓе во владата. Продолжете ги добрите идеи од оваа влада.
Чувајте ги старите пријатели и стекнете нови.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ

ВЕРА И НАЦИЈА
ПРЕД ИНТЕРЕС И ПАРТИЈА



Ви благодарам на сите вас, кои ми го овозможивте ова искуство, беше интересно, успеавме да одолееме на сите предизвици..

И на крај.. Докажавме дека и ние девојките можеме да ја водиме државата успешно, имавме девојки министри, заменици, помошници.. почитувајте ги, сакајте ги, го заслужија тоа.



TashaMKD
Претседател на Македонија



Завршно Претседателско Обраќање [ТashaMKD]
http://www.erepublik.com/en/article/-ashamkd-1-2188547/1/20
-shout-