Дневна наредба (Д.О.) и начин на функционирање (acko11)

Day 1,960, 11:19 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Едно појаснување коколу Дневната наредба (во понатаможниот текст ДО) и начинот на функционирање.

Верувам дека повеќето го знаат тоа, но ако на некого му е нејасно во следните редови ќе може да прочита.

1. ДО може да се намести како приоритет на единицата а приоритетот по земји го мести Командирот на единицата.
Значи командирот на секоја единица мести приоритети и во случај тој да не е прикачен (онлајн), самата единица, односно нејзиниот ДО се мести спрема претходно зададениот редослед.

Кај нас во Бебешката единица е прв приоритет било која Македонска битка која што е во тек а потоа помагаме на сојузниците ако немаме наша. Ова се однесува за автоматски зададениот редослед.

2. ДО може да смени Командирот на единицата во било кое време (максимално 5 битки дневно) во однос каде што ќе оцени дека е потребно да се насочи штетата и овие ДО се зададени за целата единица односно сите регименти.

3. ДО може да смени Капетанот на региментот (оној кој го бираат војниците од истиот регимент) исто 5 битки во текот на денот. Доколку не е тука Командирот на единицата, тука се Капетаните за да проценат каде е потребно да се насочи штетата.

Како стојат работите во однос на тоа што го пишува на ѕидот како ДО?

Убиствата се бројат ако ги правите на местото каде што ви е ставено ДО односно она што го читате на ѕидот, и кога ќе кликнете ве носи во дадената битка НО, ДО се брои и се она што било ставено во текот на денот.

Значи немора да ви го пишува на ѕидот за да ви биде избројано.
Ако сме имале 2 наши Македонски битки, но сме помагале и на сојузници и притоа сите биле сменети БАРЕМ еднаш во текот на денот, сите убиства ќе ви ги брои како ДО.
Затоа најчесто на пораките на ѕидот од единицата стои она што е сменето како ДО во текот на денот. (ова се однесува на Бебешката единица но истата пракса може да ја воведат и другите единици)

Злоупотреби од страна на капетаните постојат, и најверојатно ќе постојат во смисла:
- Некој си брка МЦ медал па си става каде што му треба и слично.
- Некој несака да се сели па си става ДО во востанието кое што му одговара, односно таму каде што се наоѓа, наместо да се ослободи некој матичен регион и т.н.
Затоа бирајте совесни и чесни капетани. Но и помагајте си во случај на бркање медалчиња (платеничкомедалче - МЦ) Но секогаш на ѕидот нека стои она каде што е најпотребно да се пука. Не заборавајте дека има многу играчи кои се 2 клик и кои се зачакуваат пукаат ДО и толку. Следно логирање наредниот ден.

Се надевам дека доразјаснивме некои работи. 🙂

Останете ми поздравени и во добро расположение. о7

За извик:
Дневна наредба (Д.О.) и начин на функционирање (acko11)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2239081/1/20

Незаворавајте да гласате за да ја видат што повеќе војници/играчи. 🙂