Изјавата на Јадранка Спирковскa[ManIamPretty]
Man I am Pretty
Здраво јас сум Јадранка Спирковска имам 54 години, порано работев во "Иднина", ама од кога пропадна фирмата во 96` чекам да станам пензионерка. Јас и свекрва ми невреме да ја фати, да не ја врати, од ко почнаја да ги пуштат турските серии ги гледаме и скоро и да немаме ништо пропуштено. Убо кај овие сериите е шо ги напраја на Македонски оти не мораме да читаме, сигурно на толку читање ќе оќоревме. Прво ко почна Шехерзад не ја гледавме толку, ама после ко ни влезе чивијата секој ден со ова свекрва ми угурсузо, ја гледаме и со душа ја чекавме. А пак од таја серијата фнук ми од сестра ми го завикавме Гани, оти ојде во Скопје демек факултет да учи и само парите ги јади и уште нема завршено. Ко почна Џемиле ја гледавме за Османче оти ни беше интересен, а ко порасте Осман ја гледавме оти на овој вампиро свекрва ми, му било жал за старата шо не видела на стари години кутрата. После то го гледавме со Караман, “Зет дома зет”, а Стево на мажот ми брачет му го викавме Нико оти ојде дома зет во Скопје, а пак свекрва ми, ула е целата да не пукни, истото ко на филмо и комшиите биле мешани “ѓупци – рисјани”. А ко почна Величенственио, да се разбериме цело време го гледавме заради Бали Бег, а заради она Хурем фамилии се растурија. Па Кире мој вика кај нас во Македонија било како на филмо, сите се кодошеле, очите си ги ваделе, се местеле, краделе, а после ко ќе ја посереле работата на Груевски не му кажвале и сите се криеле. Ко го загледавме “ Имото на дамата” ми личеше исто како кај нас дома. На Кире мој сестра му иста како Халиде, само ми се меша дома, а овој мојо дреми како мисир. Најскап досега од овие турските филмој беше “Кога лисјата паѓаат”. Секоја епизода по 5 пати на маса седнуваја и само јадеја и две цистерни чај испија. А исто така тој филм беше со поучен карактер, дека не треба да бидиш многу поштен, оти Ферхунде како и да е ќе те заеби, па после ќе си ја пејш од КУКУ-ЛЕЛЕ “ Кучка неверна”. Ајде пријатно сега морам да одам, собрани сме сите тука да ја решиме судбината на Фатмаѓул, па можи и овој Керем трупо ќе ја баци денес !!!
За шаут :
Изјавата на Јадранка Спирковскa[ManIamPretty]
http://www.erepublik.com/en/article/-a-maniampretty--2390388/1/20
Comments
Добра статија, уствари, изјава де
Тоа е 😃
Што е ова бре? :р
Препишано !!! - ама Д О Б Р О .... 😃
Тоа го направив за да докажам колку глуп народ има што ги гледа тие филмови ..
[removed]
Тоа е брат, до каде дојде државата да гледаме Турски серии , па што ќе се деси кога Гоце Делчев ќе разбере какви серии гледаме 😛 Ќе се превртува во гроб човекот
Ха. Насмеа ме. Таа генерација луѓе се ептен фиксирани со тие серии. Како реалност ги доживуват. Нека гледат ама барем на турски да се сериите. Колку толку ќе научат барем турски зборови, а вака безвеза дремат по 3 саати секој ден навечер(а и репризите ги гледат ако се погодат дома у тој период).
sub 947
o7
Интересно 🙂
o7