еМакедонскa Компанија

Day 1,124, 09:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski

Добредојдовте Македонци, Македонки и останати читатели.

Оваа статија ќе ве внесе во еден обид од обичен еГраѓанин да ја намали цената на житото а по можност и на лебот.

Ќе речете : "леле уште еден ли генијалец, колку се досадни" ?


Мојот обид ќе биде едноставен и нормално сето ова ова ќе го применам во мојата компанија и не се обидувам да ги натерам и другите сопственици да го применат истото.

Како што веќе е јасно, јас сум еден од новите сопственици на компанија за жито.
Барам од 10 до 20 редовни вработени (со 95+ здравје) кои би работеле за не многу помали од моменталните енормни плати со цел да го пласирам своето жито за 0.08/0.07/0.06 на македонскиот пазар.
Во оваа компанија ќе биде применето динамично производство (со отпуштање и вработување на истите 10-20 работници секој ден).

Со ова постапка јас сакам да ја сменам мојата компанија и да не профитирам како поединец и да придонесам за еМакедонија да се издигне над сите останати еРепублики.

Доколку има заинтересирани слободно пишете ми приватна порака.
Таканаречените камикази нека не се плашат да аплицираат, доколку треба ќе им помогнам да си го вратат здравјето на нормала со тоа што тие самите ќе ми ја вратат услугата со лојалност.

Слободно може да аплицира секој, безразлика колку здравје има или работен скил.
Компанијата исто така ќе има и наградна игра секоја недела за "вработен на неделата" кој ќе добие дополнителна една плата.


Ќе повторам уште еднаш...Профитот ќе биде само морален и национален и никако паричен!!!


Апелирам до сите други житни компании да размислат за предлогов, и слободно сопствениците нека ми пишат доколку сакаат да се организираме заедно во оваа акција.

Ви благодарам драги читатели што одвоивте време за оваа статија.

Воте е потребен само доколку сакате оваа статија да избие помеѓу првите.Претплатата не е потребна бидејќи не планирам да го бркам мм медалот.

Имајте пријатен ден.