МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација 7-ми ГРАНД - ПРИ СКОПЈЕ 2013

Day 1,999, 06:29 Published in Serbia Serbia by ACE RADO

1
МАКЕДОНСКА СПОРТСКА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА
Ул. Даме Груев бр.28 , Скопје 1000
Тел/факс: + 389 2 316 3355; E-пошта: mssf@t-home.mk
www.mssf.org.mк
ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите информации се достапни на ВЕБ-страната: www.mssf.org.mk
I. ПОКАНА:
Поканата е доставена во прилог на Генералните информации.
II. ПРОГРАМА:
Петок, 10/05/2013 година
09:00 - 17:00 .......... Официјален тренинг
17:00 - 20:00 .......... Технички состанок за турнирот
Сабота, 11/05/2013 година
09:00 ........................ Свечено отварање на турнирот
09:15 ........................ Почеток на натпреварите.
15:30 ........................ Доделување на признанија, награди и свечено затворање на турнирот
16:15 ........................ Коктел
III. ДИСЦИПЛИНИ:
 Пиштол ………………………………………………………………… 25 метри
 Пушкa ………………………………………………………………..... 100 метри
 Снајперска ловечка пушка………………………………….. 100 метри
 Снајперска тактичка полуавтоматска пушка …….. 100 метри
 Снајперска пушка - F class TARGET …………………….. 300 метри
 Снајперска пушка - F class OPEN RIFLE ……………….. 300 метри
2
IV. ПРАВИЛА:
 Пиштол.......25 метри.
Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.). Револвери не се дозволени.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
 Пушка ......100 метри.
Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Пушката е со централно палење. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање, со полуавтоматски систем или со автоматски систем за репетирање. Пушките со автоматски систем за репетирање (АК 47, АК 74, Застава М-70; Colt М-4, Heckler&Koch 223/308, Heckler&Koch G-36, Sig Sauer 550) и сл. дозволено е да се употребуваат на натпреварот, но само доколку со истите се гаѓа со полуавтомaтски режим на работа. Употреба на рафална стрелба не е дозволена. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.).
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
 Снајперска ловнa пушка ........... 100 метри
Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Дозволена е употреба на сите нишански системи: оптички нишан, Red Dot, Aim Рoint, Holosigt I sl.). Ласерски нишан не е дозволен. Снајперската ловна пушка е со централно палење и истата може да биде со мануелен или полуавтоматски систем на репетирање. Дозволено е употреба на стандарден променлив магацин за муниција со капацитет до 5 куршуми додека кај фиксен магацин нема ограничување на капацитет. Дозволени се сите калибри. Не е дозволено користење на компензатор (гасна кочница), пиштолски ракохват и преклопен кундак. Вкупната маса на снајперската ловна пушка, вклучувајки ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот и ремникот не смее да надминува 4,5 кг.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
 Снајперска полуавтоматска тактичка пушка ............100 метри
Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензија ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога како и користење на ногарки. Дозволена е употреба на пиштолски ракохват и преклопен кундак. Дозволена е употреба на сите видови на оптички нишан. Снајперската полуавтоматска тактичка пушка е со централно палење и со полуавтоматски систем за репетирање. Дозволенo e користење на компензатор (гасна кочница). Снајперската полуавтоматска тактичка пушка мора да има променлив магацин со капацитет поголем од 5 куршуми. Дозволена е употреба на сите калибри до .35 инчи (8,89 мм.) .
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Примери на типови на полуавтоматски снајперски пушки кои можат да се користат во оваа дисциплина: Zastava М-76, Zastava М-91; Dragunov SWD, Hoeckler&Koch HK G3 SG 1; Hoeckler&Koch HK PSG 1, Hoeckler&Koch MR 223/308 и сл.
3
 Снајперска пушка F-class TARGET RIFLE ................... 300 метри
Пушката е ограничена на следните немодифицирани калибри: .223 Remington ( 5,56x45мм NATO); .308 Winchester ( 7,62x51 mm NATO), 8x57 IS (7,9 mm Mauser) и 7,62 x54 R.
Со пушката се гаѓа од двоногарки (бипод) кој се цврсто прикачени за оружјето и/или со ремник. Било кој бипод кој ја исполнува дефиницијата за бипод може да се користи и неговата тежина влегува во вкупната маса на пушката. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но нивната маса мора да бидат вклучена во вкупната маса на пушката.
Вкупната маса на пушката, вклучувајќи ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот, ремникот и ногарките (биподот) не смее да ја надмине масата од 8,25 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон.
Гаѓањето е во лежечка положба од рамото на натпреварувачот. Двоногарката или ремникот се единствена дозволена предна поддршка на пушката. Пушката може да биде придржана со бипод и/или ремник и заден наслон кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:
(1) Двоногарката и/или ремникот и задниот наслон не смеат да бидат поврзани едно со друго.
(2) Употребата на било каква маса е забрането. Под предниот/задниот наслон дозволени е да се постават одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм. Во случај на користење на двоногарки, ширината на плочата кај ногарките не смее да надминува 5 см ниту повеќе од 30 см од напред до назад. На овие плочи не се дозволени испакнини и не е дозволена употреба на шрафови за нивелирање. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.
(3) Двоногарка (бипод) е направа со не повеќе од две ногарки кои го допираат тлото. Taa мора да биде цврсто монтиранa на предниот дел од пушката. Двоногарката може да има ногарки кои се на прекршување или ногарки кои не се на прекршување и може да има можност за подесување со цел да се компензира нерамната подлога на положбата за гаѓање.
(4) Ниту еден дел од кундакот (задниот дел) или поткундакот не смеат да бидат директно допрени на тлото или на било која тврда површина. Како задни наслони можат да се користат „зајачки уши“, мали вреќички со песок или раката во ракавица. При користење на било кој тип на заден наслон, истиот не смее да биде прицврстен, закачен или придржан за пушката на било кој начин. Механички подесиви задни наслони не се дозволени.
(5) Било колку и било какви предмети може да се постават под двоногарките и под задниот наслон за да ги компензираат варијациите на положбата за гаѓање по висина или косина.
(6) Двоногарките и задниот наслон можат да бидат подесувани после секое истрелување за да се компензира движењето на подлогата односно нејзината девијација. Ремникот може да се користи со наслонот меѓутоа неговата маса мора да биде вклучена во вкупната маса на пушката.
Дозволен е заден мек наслон. Не е дозволена употреба на гасна кочница.
Се гаѓа во мета на растојание од 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 cm.
Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните истрели.
Мечот се состои од 20 истрели за оценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).
4
 Снајперска пушка - F-class OPEN RIFLE ...............300 метри.
Пушката е ограничена на калибар не поголем од .35 инчи (8,89 мм.)
Пушка на шини и метода на прецизно механичко враќање на иста точка на нишанење за наредниот истрел, не се дозволени. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но мора да бидат вклучени во вкупната маса на пушката.
Вкупната маса на пушката вклучувајќи ги сите додатоци како нишан и ногарки не смее да надмине 10 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон.
Ширината на предниот подкундакот не смее да прејде 76 мм.
Гаѓањето е во лежечка позиција од рамото на натпреварувачот користејќи наслони за пушка. Пушката може да биде придржана на било каков начин кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:
(1) Не смеат да се користат повеќе од два наслона. При користење на два наслона, истите не смеат да бидат поврзани еден со друг.
(2) Употребата на било каква маса (табла) е забрането. Одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм, се дозволени да се постават под предниот/задниот наслон. Шрафовите за нивелирање или испакнатини не се дозволени на овие плочи. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.
(3) Предниот наслон може да се користи или за потпирање на крајот на пушката или за потпирање на предната рака. Доколку предниот наслон е прицврстен за пушката тогаш истиот влегува во вкупната маса на пушката.
(4) Ниту еден дел од кундакот на пушка или пиштолскиот ракохват не смеат да бидат поставени директно на земја или на било тврда површина. Покрај тоа задниот наслон не смее да биде прикачен или стегнат за пушката на било кој начин. Механички прилагодливи задни наслони не се дозволени.
(5) Како алтернатива на точките 3 и 4 пушката може да биде потпрена на едноставна централна поддршка како свиткана јакна, крпа, кебе или вреќички полнети со песок или со друга материја.
(6) Било колку и било какви предмети може да се постават под секој наслон за да ги компензираат варијациите во висина или косина на положбата за гаѓање или да го редуцираат нејзиното вртење.
(7) Предниот наслон или база може да има до три зашилени ногарки кои можат да се втиснат во земја до 50 мм, под услов ова да не предизвика оштетување на позицијата за гаѓање.
(😎 Наслоните можат да се подесуваат после секое истрелување за да се компензира движењето или набивањето. Ремникот може да се користи поврзан со наслоните и при тоа неговата тежина влегува во вкупната тежина на пушката.
Дозволена е употреба на гасна кочница.
Растојанието до метата е 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 cm.
Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните
истрели.
Мечот се состои од 20 истрели за оценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).
5
V. ПРИЈАВУВАЊЕ:
Натпреварувачите можат да се пријават во поединечен и/или екипен настап во секоја од дисциплините. Секој тим е составен од тројца натпреварувачи. Натпреварувачите кои поднесуваат пријава за екипно натпреварување мора да поднесат и пријави за поединечно натпреварување.
Пополнетите пријави мора да се достават до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ) на стрелиштето Камник во Скопје на денот на натпреварот 11/05/2013 година најдоцна до 09:15 часот.
- Образецот на пријавата за поединечно натпреварување може да се превземе од веб страната
- Образецот на пријавата за екипно натпреварување може да се превземе од веб страната
VI. КОТИЗАЦИЈА:
Котизацијата за поединечно учество на натпреварот за секој натпреварувач изнесува 500 денари, при што обезбедува настап во една дисциплина. За настап во секоја наредна дисциплина се плаќа по 200 денари по дисциплина.
Секој натпреварувач кој платил котизација за поединечно учество на натпреварот ќе добие „натпреварувачки пакет“ кој се состои од: натпреварувачка ИД картичка, маица со лого од натпреварот, тампони за заштита од звук на органот за слух, безалкохолон освежителен пијалок, леток за натпреварот со програма, правила за безбедно ракување со оружје за време на натпревар, промотивен материјал од спонзорите или покровителите на манифестацијата.
VII. СТРЕЛИШТЕ:
Гран При Турнирот СКОПЈЕ 2013 ќе се одржи на Комплексот на отворени спортски стрелишта КАМНИК во Скопје, кое се наоѓа на адреса: ул. Камник бб, Скопје, Република Македонија.
Насоката на гаѓање на 25, 100 и 300 метарските стрелишта е северна.
VIII. СМЕСТУВАЊЕ:
Натпреварувачите од странство кои учествуваат на турнирот можат да се обратат до МССФ за неопходните информации во врска со хотелското сместување во Скопје.
За официјалните воени и полициски натпреварувачи од странство кои ќе учествуваат на турнирот, доколку имаат потреба постои можност за нивно сместување во сместувачките капацитети на Министерсвото за Одбрана и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За таа цел потребно е да се контактира МССФ (e-mail: mssf@t-home.mk) за да ги координира активностите окулу сместувањето.
IX. ПОДАТОЦИ ЗА ОРУЖЈЕТО И МУНИЦИЈАТА ЗА ПРОАЃАЊЕ НА ГРАНИЦА
Натпреварувачите од странство треба најкасно до 3 Мај 2013 г. да достават до МССФ податоци неопходни за проаѓање на државната граница: име и презиме, број на пасош, марка и регистарски број на возилото со кое доаѓаат, граничен премин на кој влегуваат во Република Македонија, датум на преоѓање на границата, марка и тип на оружјето, калибар, фабрички број, број и калибар на куршумите кои ги носат се себе.
На странските натпреварувачи доколку е потребно МССФ ќе им испрати лична поименична покана за учество.
6
X. СИГУРНОСТ:
 Сигурното ракување со огненото оружје мора биде стриктно почитувано во секој поглед!
 Со огненото оружје може да се ракува само на огнената линија по претходно одобрување од судијата и на ниту едно друго место!
 Огненото оружје секогаш мора да биде насочено во безбедна насока!
 Освен за време на гаѓањето, огненото оружје секогаш мора да биде со отворен затварач или заклучено, визуелно осигурено и со изваден магацин!
 Внимание – на стрелиштето заштитната опрема за заштита на слухот и видот е задолжителна за секој учесник!
 Секој натпреварувач се натпреварува на свој сопствен ризик!
За сите подетални информации можете да се обратите до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), по Е-mail: mssf@t-home.mk или моб.тел. 072 562341